По 2 недели без Калвин Харис: Тејлор Свифт и Том Хидлстон се новиот славен пар
- Детали
- четврток, 16 јуни 2016
Калвин Харис се чувствува предадено и разочарано откако ги видел новите љубовни фотки од Тејлор Свифт и нејзиното ново момче - Том Хидлстон.
Како што фотките се проширија по сите медиуми и социјални мрежи, започнаа да се јавуваат и приказни како сето тоа изгледа од страна на шкотскиот диџеј.
Наводно, Калвин се сомневал во Тејлор Свифт уште од мај оваа година, кога Тејлор и британскиот актер биле снимени како заедно танцуваат на Мет Галата.
Како потврда дека Калвин е лут и бесен на неговата бивша девојка беше бришењето на заедничките слики на сите социјални мрежи, како и фактот дека веќе не е нејзин следбеник на Инстаграм и Твитер.
26-годишната пејачка излезе од 15-месечна врска пред само 2 недели, а веќе вчера беше сликана на плажа, во близина на нејзиниот дом, како се бакнува со 35-годишниот актер.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





