Тортата со која Пинк ѝ го честиташе 5-от роденден на својата ќеркичка
- Детали
- вторник, 07 јуни 2016
Како и секое девојче и ќеркичката на Пинк има симпатија, и тоа ни помалку ни повеќе – туку Мет Дејмон.
Во едно неодамнешно интервју, Пинк спомена дека малата Вилоу се вљубила во Мет Дејмон и дека „Марсовецот“ (The Martian) е нејзиниот омилен филм.
„Јас мислев дека филмот беше супер, но не го сакам толку како неа“ – изјавила Пинк.
По гледањето на филмот, ќеркичката ја запрашала дали Мет Дејмон може да дојде на нејзината роденденска забава.
Благодарение на вештите раце на мама, брашното, јајцата и фонданот, Мет Дејмон навистина успеал да дојде на забавата и го нашол своето место на врвот на тортата на Вилоу.
Пинк не ја штедеше својата љубов кон семејството, фалејќи се на Инстаграм дека нејзиното семејство ја прави најсреќната жена на светот.
(О)Милена | Црнобело