Мет Дејмон и на 52 години е фит на плажа со сопругата (47) - тие се еден од најсреќните парови во Холивуд
- Детали
- вторник, 26 септември 2023
Мет Дејмон и Лусијана Баросо зад себе имаат речиси 20 години брак, 4 ќерки и никогаш не дозволија холивудската слава на Мет да им ја расипе љубовта. На плажа се фит и вљубени како некогаш.
Мет Дејмон (52) е една од најголемите холивудски ѕвезди, но тоа не го спречува да биде сосема приземјен и посветен семеен човек, па води хармоничен брачен живот веќе години наназад.
Со неговата сопруга Лусијана Баросо, со која е речиси 20 години во брак, важат за еден од највљубените парови во Холивуд.
Парот беше фотографиран заедно на плажа на Флорида, а Мет Дејмон изгледа фит покрај својата сакана.
На неговото тело тој одамна го истетовира името на саканата „Луси“, а потоа ги додаде и имињата на 4-те ќерки, кои се на возраст од 12 до 24 години.
Прочитајте и Романтичната приказна како Мет Дејмон ја запознал сопругата - тие се еден од најсреќните парови во Холивуд
Парот на плажа:
С. С. | Црнобело