Најдобрите 11 моменти на поп иконата Бритни Спирс
- Детали
- вторник, 24 мај 2016
Ако Мајкс Џексон беше крал на поп музиката, Бритни Спирс го заслужи епитетот принцеза на истиот музички жанр.
Почетокот на нејзиниот вртоглав успех го означи хитот „Hit me baby one more time“ во 1999-та година, а од тогаш, Бритни имаше многу подеми и падови, сѐ до моментот кога буквално доживеа нервен слом пред очите на публиката и незаборавната сцена во која бесно го удираше автомобилот со чадор.
Сепак, Бритни успеа да се извлече од калта и покрај низата од љубовни разочарувања, издаде 8 студиски албуми, а во подготовка е и нејзиниот нов албум.
Таа ги наполни полиците со голем број награди, беше дел од жирито на популарното X Factor натпреварување, ја врати својата супер тонирана фигура и дефинитивно останува број 1 миленичка на публиката.
Во 2013-та го започна своето шоу во блескавиот Лас Вегас, Britney: Peace of me, а договорот ќе трае најмалку до 2017-та година.
Изгледа дека никогаш не ни е доста од слатката Бритни, која денес изгледа подобро од кога било.
Погледнете ги нејзините најдобри моменти низ кариерата:
Ѕвездата е родена, Бритни дебитираше како секси ученичка во хитот „Hit me baby one more time“
Бритни и Џастин се познавале уште кога биле мали деца и заедно настапувале во клубот Мики Маус на Дизни. Веројатно таму се родиле симпатиите, а подоцна имаа и врска, која за жал, не успеа
Бритни и нејзината прва насловна страница во списането „Rolling Stone“
Нејзиното филмско деби во „Crossroads“ од 2002-та година, симпатичен филм кој не доживеа позитивни овации кај критичарите
Светот збудале по рекламата за Пепси, во која Бритни се појави заедно со Пинк, Бијонсе и Енрике
Кој може да го заборави бакнежот помеѓу Бритни и Мадона на Видео музичките награди (VMA) во 2003-та година?
Во 2004-та година, Бритни се омажи со својот пријател од детството, Џејсон Александер во Лас Вегас. Бракот траеше неверојатни 55 часа
Бритни е најмладата пејачка која успеа да добие своја ѕвезда на Холивудската патека на славните, на само 21 година
По 2 неуспешни бракови и 24-часовна неуспешна рехабилитација, Бритни ги зема работите во свои раце, а резултатот е нејзиното најужасно издание на сите времиња
Бритни се појави во популарната серија Glee, а се глумеше – самата себе
Нејзиниот најголем успех сепак се нејзините две преслатки дечиња од бракот со Кевин Федерлајн, Шон и Џејден
(О)Милена | Црнобело