Финецот со гол задник на сцената, Иркинката со сатанистички ритуали – Највпечатливите моменти од Евровизија 2024
- Детали
- среда, 08 мај 2024
Србинката Теја Дора беше првата учесничка на Евровизија 2024 што обезбеди настап во финалната вечер, Хрватот Бејби Лазања ја разигра целата сцена со композицијата која вклучува метал и фолк елементи.
Синоќа (07.05) во Малме започна 68-мото издание на Евровизија.
Во рамки на првата полуфинална вечер на сцената се претставија 15 натпреварувачи, плус 3 од сигурната петорка кои директно одат во финале, Велика Британија, Германија и Шведска.
Теја Дора - Србија
Од земјите на поранешните југословенски републики Србија, Хрватска и Словенија успеаја да обезбедат учество во финалната вечер што ќе се одржи во сабота (11.05).
Рејвен - Словенија
Интересно е што српската претставничка Теодора Павловска, попозната како Теја Дора беше првата што успеа да обезбеди пласман во финалната вечер, додека со хрватскиот претставник Бејби Лазања (Марко Пуришиќ) работите беа неизвесни речиси до самиот крај, сè до осмата позиција.
Теја Дора - Србија
Прочитајте и Која е Теодора Павловска – Девојката што ќе ја претставува Србија на Евровизија?
Првата полуфинална вечер понуди најразлични композиции, во најразлични стилови и со различни сценски настапи.
Бејби Лазања - Хрватска
Хрватскиот претставник на сцената носеше костим изработен од истарска тантела, а речиси сите инструменти беа декорирани со милијеа, па направија совршен склоп меѓу модерното и фолклорот.
Бејби Лазања - Хрватска