Финецот со гол задник на сцената, Иркинката со сатанистички ритуали – Највпечатливите моменти од Евровизија 2024
Иркињката Бамби Таг имаше впечатлив настап со симулација на сатанистички ритуал на евровизиската сцена. Реакциите за нејзиниот настап на социјалните мрежи се поделени, но сепак, тие успеаја да обезбедат пласман во финалната вечер.
Бамби Таг - Ирска
Финецот Windows95Man на сцената излезе од јајце со својата препознатлива кратка маичка со симболот на оперативниот систем и капа.
Windows95man - Финска
Тој од половината надолу беше практично гол, односно на себе носеше само танга во боја на кожа.
Windows95man - Финска
Заради ова вниманието на гледачите многу повеќе беше свртено врз неговите обиди да си ја скрие машкоста, отколку врз самата композиција.
Windows95man - Финска
Меѓу останатите земји кои влегоа во финалето се Португалија, Украина, Литванија, Кипар и Луксембург, а Полска, Исланд, Молдавија, Азербејџан и Австралија не успеаја да се пласираат.
Бамби Таг - Ирска
Во втората полуфинална вечер што ќе се одржи во четврток (09.05) ќе се претстават уште 15 земји.
Инаку, во ревијалниот дел во кој имавме можност да слушнеме стари евровизиски нумери, најголемо внимание привлече настапот на Џони Логан, кој ја изведе првата нумера со која Лорин ѝ донесе победа на Шведска, Euphoria.
Погледнете го во продолжение неговиот настап:
Б. С. Б. | Црнобело