Блек Чајна за вадењето на имплантите од градите: „Ми се случи најлошата компликација – трпев огромни болки“
- Детали
- вторник, 02 јануари 2024
„Една од најлошите работи што можеше да се случи, ми се случи. Имав компликација на една од градите и тоа може да се случи секојпат кога одите на операција“ – појасни поранешната сопруга на Роб Кардашијан, Блек Чајна. Заради намалувањето на градите, таа ја дочекала новата година во огромни болки.
Поранешната сопруга на Роб Кардашијан, Блек Чајна, вели дека новата година ја започнува во огромни болки, благодарение на операцијата за намалување на градите.
Блек Чајна, чие вистинско име е Анџела Вајт, на својот Инстаграм профил објави кратко видео во кое зборува за компликациите кои настанале по операцијата за намалување на градите, која ја имаше во март минатата година.
„Пред неколку месеци решив да ги извадам имплантите од градите. Ми беше смачено од лажниот изглед, градите ми беа преголеми за телото, преголеми за мојата форма и едноставно веќе не беа во согласност со тоа што сум јас како личност“ – започнува таа и вели дека лекарот ѝ рекол дека е потребно да ѝ стави само помали импланти за да видат дали кожата ќе се затегне.
Но, по оваа операција веќе имала проблеми.
„Една од најлошите работи што можеше да се случи, ми се случи. Имав компликација на една од градите и тоа може да се случи секојпат кога одите на операција.
Мускулот во левата града се собра околу имплантот и трпев огромни болки. Повеќепати сум правела операција на градите, но ова првпат ми се случува“ – вели таа.
По ова, таа морала да има уште една операција за да ѝ се вградат некакви мали импланти, за градите да не ѝ останат свиснати и да нема слични проблеми во следните години.
https://www.instagram.com/p/C1iY1ENPMzJ/?hl=en
Прочитајте и Блек Чајна објави видеа од вадењето на имплантите во задникот и градите: „Траеше 8 часа, имав многу силикон – цела сум со завои“
Б. С. Б. | Црнобело