Криси Тајген го прослави Денот на мајките на вечера со Џон Леџенд и со нови фотки од ќеркичката
- Детали
- понеделник, 09 мај 2016
Славниот пар кој јавно се бореше со неплодноста, Џон Леџенд и Криси Тајген, изминатиов викенд ја славеа новата улога на Криси - мајчинството.
Џон и Криси беа забележани на интимна вечера за двајца без нивната ќеркичка, а нешто подоцна на социјалните мрежи споделија фотки од нивната Луна.
„До мојата прекрасна сопруга Криси Тајген, Луна и јас сме среќни што те имаме во нашите животи,“ напиша Џон.
„Ако нашата ќерка биде барем малку неверојатна како што си ти, ќе бидам среќен и горд. Среќен прв Ден на мајките!“
По кратката серија семејни фотки, Криси продолжи со она што најдобро го знае - позирање во долна облека.
Само 3 недели по породувањето, сите беа зачудени од фотографиите на кои Криси носи само долна облека.