„Бегајте од мене и од децата!“ – Џеј Ло гневна на папараците, откако по вторпат го загуби Бен заради нив

„Бегајте од мене, одете си!“ – им вели Џеј Ло на папараците што сакаа да ја фотографираат додека беше излезена со ќерката на Бен Афлек на сладолед. Според некои, таа само глуми дека е вознемирена, а според други, лута е затоа што вторпат го загубила Бен заради нив.

begajte-od-mene-i-od-decata-djej-lo-gnevna-na-paparacite-otkako-po-vtorpat-go-zagubi-ben-zaradi-niv-01_copy_copy.jpg

Веќе неколку месеци наназад во сите светски таблоиди се зборува за разводот меѓу Џеј Ло и Бен Афлек, а очигледно дури и на пејачката и актерка ѝ прекипе од нив, па јавно се спротивстави и ги избрка.

begajte-od-mene-i-od-decata-djej-lo-gnevna-na-paparacite-otkako-po-vtorpat-go-zagubi-ben-zaradi-niv-04_copy.jpg

Додека беа во брак, Бен Афлек беше тој што постојано беше фотографиран со мизерен изглед и се расправаше со папараците, а очигледно е дека и на Џеј Ло, која вообичаено позира пред нив со насмевка, овојпат ѝ дошло преку глава, па одлучи да им се спротивстави.

begajte-od-mene-i-od-decata-djej-lo-gnevna-na-paparacite-otkako-po-vtorpat-go-zagubi-ben-zaradi-niv-05.jpg

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како Џеј Ло со сладолед во рацете се расправа со фотограф кој се обидува да ја фотографира неа и децата додека се на одмор во Хемптонс.

„Бегајте! Бегајте подалеку од мене и од моите деца! Одете си! Одете си!“ – им вели Џеј Ло на фотографите кои се приближиле премногу до неа и се обиделе одблиску да ја фотографираат.

begajte-od-mene-i-od-decata-djej-lo-gnevna-na-paparacite-otkako-po-vtorpat-go-zagubi-ben-zaradi-niv-15.jpg

Според некои следбеници на Инстаграм, Џеј Ло само глуми дека се расправа со папараците и многу е веројатно сама да ги викнала, за да се прошири видеото и да успее да го задржи вниманието на јавноста врз себе.

„Да сигурно е така... Зошто си ги викнала да дојдат тогаш?“;

„Точно така. Познато е со години наназад дека таа има свои публицисти што им јавуваат на папараците каде се. Потоа само глумат дека им пречи“;

„Игнорирајте ја. Сигурно сама си ги викнала за да добие внимание“;

„Како да не, сигурно сега сака приватност“ – стои во некои од коментарите.

https://www.instagram.com/reel/C98S9N9NapP/

Многу е веројатно видеото да е снимено на почетокот на месецот кога таа беше излезена со ќерката на Бен и Џенифер Гарнер, Вајолет.

begajte-od-mene-i-od-decata-djej-lo-gnevna-na-paparacite-otkako-po-vtorpat-go-zagubi-ben-zaradi-niv-12.jpg

Инаку, според многумина, токму огромното внимание што парот го добивал секојпат кога ќе се појави во јавност е една од причините заради кои Бен, по вторпат одлучува да се раздели од Џеј Ло.

Благодарение на неговиот постојано мизерен изглед пред папараците, тој на социјалните мрежи е познат и како Sad Affleck (Тажен Афлек), а во една пригода појасни зошто секогаш има таков изглед на лицето.

„Јас сум по малку срамежлив. Не сакам многу внимание. Токму затоа луѓето кога ќе ме видат си мислат: ‘Зошто овој човек постојано е намуртен?’.

begajte-od-mene-i-od-decata-djej-lo-gnevna-na-paparacite-otkako-po-vtorpat-go-zagubi-ben-zaradi-niv-08.jpg

Затоа што некој доаѓа со фотоапарат и ми го бутка во лице.

Исто така ми пречи кога ме фотографираат додека сум со децата. Она што сакам да го кажам е многу едноставно.

Не ми пречи, можете да ме фотографирате додека сум во клуб или на премиера, со сопругата, воопшто не ми е гајле. Уживајте. Нема ниту да ве забележам.

Но, кога сум со децата, тоа е сосема различна работа“ – изјави Бен во една пригода.

begajte-od-mene-i-od-decata-djej-lo-gnevna-na-paparacite-otkako-po-vtorpat-go-zagubi-ben-zaradi-niv-09.jpg

Тој исто така зборуваше и за причините заради кои првпат се разделиле со Џеј Ло, па нагласи дека и тогаш таблоидите и папараците имале големо влијание врз тоа да одлучат да стават крај на свршувачката.

„Би рекол дека вниманието од медиумите со 50 отсто придонесе за да ни се уништи врската. Постојано пишуваа дека луѓето не нѐ сакаат заедно и дека нашата врска е ужасна и токсична, па никој од нас не сакаше да биде дел од тоа“ – рече Бен.

begajte-od-mene-i-od-decata-djej-lo-gnevna-na-paparacite-otkako-po-vtorpat-go-zagubi-ben-zaradi-niv-06.jpg

Според последните гласини, на Бен му пречело тоа што Џеј Ло воопшто не го консултирала, па во нејзиниот последен документарен филм, посветен на нивната љубовна приказна, ги објавила и неговите љубовни писма.

Наводно, тоа била капката што ја прелеала чашата откако Бен веќе две години маки мачеше со постојаното внимание што го добиваше и мораше да се справува со папараци.

Дури и вечерта кога наводно одлучил да си замине од семејниот дом во кој живееше со Џеј Ло, морал да се расправа со фотограф кој го чекал за да го фотографира.

begajte-od-mene-i-od-decata-djej-lo-gnevna-na-paparacite-otkako-po-vtorpat-go-zagubi-ben-zaradi-niv-07.jpg

Во видеото објавено на TMZ може да се слушне како Бен му вика на фотографот:

„Слушај, заради тебе може да доживеам сообраќајна несреќа. Немој да ми светиш со блицот додека возам“.

https://twitter.com/Olubanasa/status/1805298110073291073

Џеј Ло во изминатите месеци молчи и не ги коментира гласините за разводот, секогаш позира со насмевка пред фотографите, но очигледно е дека и нејзе понекогаш ѝ доаѓа преку глава од вниманието.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Бен Афлек насмеан покрај бившата сопруга, Бред Пит напорно работи: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек стана препознатлив по неговиот „мизерен“ изглед пред папараците, но ов...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Лудата врска на Џеј Ло и Пи Диди: Ја уапсија заради него, исчезнувал и го барала по хотелски соби Заради него Џеј Ло беше уапсена, но му прости и му беше поддршка, тој ѝ помогна ...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg