Зошто фустанот на Ема Вотсон заслужува најголемо внимание денес?

Актерката Ема Вотсон на својот Фејсбук профил објави краток пост како благодарност до луѓето од Calvin Klein и Eco Age кој ѝ помогнале да го направи својот фустан од соништата - а, нејзината објава веројатно ќе ви покаже дека на познатите не секогаш им е важен само гламурот.

ema-vatson-so-emotivna-objava-na-fejsbuk-01.jpg

„Ви благодарам Calvin Klein & Eco Age за прекрасната соработка и креирањето на овој неверојатен фустан.

Горда сум што можам да кажам дека носам вистински одржлив фустан кој претставува врска меѓу мене и сите луѓе кои имале некаква улога во синџирот на креирање на истиот.

Основата на фустанот е направена од три различни ткаенини сите добиени како плетка направена од рециклирани пластични шишиња.

Пластиката е еден од најголемите загадувачи на планетата.

Па, тоа што бев во можност повторно да го употребам овој отпаден материјал и да го вклучам во мојот фустан за #MetGala докажува која е моќта на креативноста, технологијата и модата кои можат заедно да функционираат.

Секој дел од овој прекрасен фустан е направен од рециклирани материјали, дури и оние кои не се забележуваат.

Патентите на фустанот се направени од рециклирани материјали, а внатрешниот корсет на фустанот од органски памук.

Конвенционалниот памук е еден од оние производи кој за своето производство бара и големи количини на штетни хемикалии.

Органскиот памук од друга страна, се одгледува без употреба на штетни материи и е подобар за околината и луѓето кои работат на плантажите.

Органската свила која е употребена во поставата на фустанот е сертифицирана по стандард кој гарантира нависоки социјални и еколошки стандарди во текот на производството.

Моја цел е и понатаму одново да ги употребам материјалите кои беа искористени за овој фустан и понатаму да се појавам со истите на црвениот тепих.

Едвај чекам повторно да направам ваков експеримент.

Убавите работи вреди да бидат одново и одново носени.“

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Преживеа обид за убиство, му посакуваше смрт на син му – Мрачната страна на 50 Cent Познатиот рапер беше застрелан деветпати и за некое чудо - преживеа. Наводно, уб...
Тон емоции и љубов – Малума објави први фотки од раѓањето на ќерката Ја бакнува ќерката на главата, ја бакнува и преморената партнерка – Малума објав...
Татко ѝ сакал да основа култ, бившиот сопруг пробувал да ја убие – Мрачни детали од животот на Крист... По детството со насилен татко, Кристина Ричи изјави дека ја повторила грешката к...
Бен и Џеј Ло се пар за пример – Си го собираат ѓубрето во кино по завршувањето на филмот (видео) На видео споделено на Твитер се гледа како Бен Афлек и Џеј Ло си го собираат ѓуб...
„Засрами се“ - Мадона (66) стана мета на критики затоа што јадеше супа топлес Разголени фотографии на Мадона предизвика лавина од реакции.... „Однесувај се во...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg