Тон емоции и љубов – Малума објави први фотки од раѓањето на ќерката
- Детали
- понеделник, 11 март 2024
Ја бакнува ќерката на главата, ја бакнува и преморената партнерка – Малума објави први фотки од раѓањето на ќерката Париз кои ги прикажуваат најинтимните и емотивни моменти на семејството.
Познатиот музичар со колумбиско потекло Хуан Луис Лондоно, попознат како Малума, ја доби својата прва ќерка од врската со партнерката Сузана Гомез.
Во изминатите месеци беше јасно дека тој со нетрпение очекува да го прегрне своето дете, а сега ги објави и првите фотки.
Колумбискиот пејач постојано објавуваше фотки од миговите како го бакнува стомакот на својата бремена партнерка, а сега ги сподели и првите мигови поминати со ќерката Париз, која се роди на 9-ти март годинава.
Фотки од првиот стисок на раката на неговата ќерка, од преморената партнерка која штотуку се породила, но и од бебето Париз кое спие на неговите голи гради…
Малума ги разнежи своите следбеници на Инстаграм со фотките од првите мигови поминати со неговата ќерка.
„На 9-ти март во 8:23 часот се роди љубовта на нашите животи, Париз Лондоно Гомез. Ви благодарам на сите за честитките и за убавите желби.
Сузана… Љубов моја: Ти благодарам што ми го исполни најголемиот сон да станам татко. Никогаш нема да го заборавам тој миг“ – напиша тој до фотките.
Меѓу следбениците кои први му честитаа беше и Парис Хилтон која му порача дека ѝ се допаѓа името што ѝ го дал на ќерката.
Според информациите објавени во колумбиските медиуми, Сузана се породила во болница во Меделин, а во моментот на породувањето објектот бил обезбеден до таа мера што воопшто никому не му било дозволено да влезе.
Прочитајте и Татко и партнер за пример: Малума ѝ ги облекува чевлите на бремената девојка
Б. С. Б. | Црнобело