Бен и Џеј Ло се пар за пример – Си го собираат ѓубрето во кино по завршувањето на филмот (видео)
- Детали
- среда, 06 март 2024
На видео споделено на Твитер се гледа како Бен Афлек и Џеј Ло си го собираат ѓубрето во кино во Лос Анџелес, по проекцијата на Dune: Part Two. Кога ќе се земе предвид дека многу луѓе оставаат вистински хаос зад нив во киносалите, славниот пар дефинитивно може да послужи како добар пример.
Бен Афлек и Џеј Ло се можеби најпознатиот пар од светот на шоу-бизнисот, но и покрај огромната слава и богатството, се чини дека актерот и пејачката се приземјени личности.
Веруваме дека и самите имате забележано дека кај нас, во многу ситуации луѓето ја покажуваат својата некултура, а ова е доста изразено во киносалите.
По проекцијата на некој филм, не е реткост да видиме истурени пуканки на подот и остатоци од грицките и пијачките на посетителите кои веројатно сметаат дека задачата на вработените во киното е да собираат по нив.
Во неделата (03.03), Бен Афлек и Џеј Ло одлучиле да го гледаат долгоочекуваното второто продолжение на Dune во кино во Лос Анџелес.
54-годишната пејачка и 51-годишниот актер биле во киното без придружба на обезбедување, а наводно присутните не ни забележале дека и тие се меѓу публиката.
На крајот, пак, сами си го собрале сето ѓубре.
Ова се гледа на видео споделено на Твитер, а во описот твитерџијата вели дека дури по крајот на филмот сфатил дека пред него седел познатиот пар.
На видеото, Бен и Џеј Ло се во лежерно издание и додека Џеј Ло ги зема пијалакот и пуканките, се гледа како Бен собира нешто од подот.
Иако ова е нешто што сметаме дека треба да го прави секој, од општа култура, факт е дека многумина не помислуваат на тоа.
Па, Бен и Џеј Ло, како познат и влијателен пар, навистина се добар пример.
Пред проекцијата на филмот, парот беше забележан како шета низ Лос Анџелес.
Спирова С. | Црнобело