Тој е во секоја моја песна - емотивниот статус на Џастин Тимберлејк за смртта на Принц

Џастин Тимберлејк оддаде почит на неговиот идол на Инстаграм, откако се појавија вестите за смртта на култниот пејач и гитарист.

objavata-na-dzastin-timberlejk-vo-cest-na-princ-toj-e-vo-sekoja-moja-pesna-01.jpg

„Беше тоа песната „Raspberry Beret“. Имав 4 години. Да, 4. Се сеќавам дека инстантно ја засакав“ - така започнува објавата на Тимберлејк во чест на Принц.

Музичарот продолжува со сеќавањата од неговата прва средба со легендата: „Мамо, кој пее? Се чини чудно, но е вистина.“

Поп ѕвездата продолжува понатаму со наведување на наследството кое го остави легендарниот музичар зад себе: „Повеќе од „еднаш во животот“ артист... Тој е „еднаш и засекогаш“ артист. Сè уште сум во шок додека пишувам со голема тага“.

„Но, сите ние треба да се тргнеме на страна од тоа и на му оддадеме почит на музичарот кој ги промени нашите животи, нашите перспективи, нашите чувства, целото наше битие. Од друга планета? Можеби. Крал, со сигурност. Вреден за нас? Смешно...“ - продолжува.

Пејачот потоа се враќа повеќе кон личниот аспект, објаснувајќи колку смешен и дарежлив бил неговиот идол.

„Ќе биде смешно да се каже дека тој ја инспирираше нашата музика. Повеќе од тоа. Тој е во секоја песна која некогаш сум ја напишал.“

Тимберлејк отсекогаш го цитирал Принц, покрај Мајкл Џексон, како еден од оние артисти кои го имале најголемото влијание во неговата соло кариера.

„Тажен сум, но ќе се насмевнувам секогаш кога ќе помислам на секоја секунда кога сум имал среќа да бидам во негово присуство. Го загубивме најголемиот музичар, но музиката не смее да умре. Принц, ништо не се споредува со него...“

 

It was Raspberry Beret. I was 4 years old. Yes, 4. I remember that I instantly loved it. "Mommy, who is that singing?" Seems weird but it's true. More than a "once in a lifetime" artist... Just a ONCE IN FOREVER ARTIST. I'm still in shock as I write this and I feel this overwhelming grief. But, we should all turn away from that and HONOR this musician that changed all of our lives, our perspectives, our feeling, our whole being. From another planet? Probably. Royalty, for sure. Us worthy..? Laughable. They say don't meet your idols... That they let you down. But, some of my greatest, funniest (yes, he was hilarious), and most prolific encounters and conversations about music came from the moments that I spent with him. It would be silly to say that he has inspired our music... It's beyond that. He's somewhere within every song I've ever written. I am sad, but I will smile when I think of every second that I had the fortune of being in his company. We have lost our greatest living musician. But his music will never die. Prince, NOTHING COMPARES... #RIPPrince

A photo posted by Justin Timberlake (@justintimberlake) on

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сигурно Џесика се срами што ти е сопруга“: Џастин Тимберлејк мета на критики откако се дозна дека ј... „Навистина е лудо како луѓето можат да повредат некого и да продолжат со животот...
Фото-споредби што ќе ве изненадат: Како изгледаат познатите мажи во профил? Бредли Купер, Бред Пит, Николас Кејџ – како изгледаат познатите мажи во профил? ...
Раскина со 25 години помладата девојка откако ѝ ги запозна децата  – Дали Том Круз се плаши од серио... По Кејти Холмс, Том Круз немал ниту една сериозна врска. Сега, актерот ѝ раскина...
Сосила го заклучиле во соба, сакал да побегне низ балконот – Откриено како Лиам Пејн паднал во сигур... Видеоснимки како обезбедувањето го влече во хотелската соба, торба полна со пилу...
Тајно се ожени на 45 години, обожава мотоцикли и готви: Се сеќавате на Џес Маријано од Gilmore Girls... Актерот Мајло Вентимиља, иако е интригантен за јавноста, приватноста ја чува за ...
Ретко појавување на Мила Кунис и Ештон Кучер со децата во јавност: Гледаа кошаркарски меч, личат на ... Вајат и Димитри се пораснати и многу потсетуваат на своите родители - ќерката е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg