Ретко појавување на Мила Кунис и Ештон Кучер со децата во јавност: Гледаа кошаркарски меч, личат на славните родители
- Детали
- недела, 26 мај 2024
Актерите како да ги кријат својот син и ќерка, и скоро никогаш не се појавуваат во јавност со Вајат и Димитри.
Ештон Кучер и Мила Кунис ги одведоа ќерката Вајат (10) и синот Димитри (8) на кошаркарски натпревар на кој играа женските екипи Indiana Fever и Los Angeles Sparks.
Ова е едно од ретките појавувања на славниот пар со своите две деца во јавност, па нивното заедничко излегување беше изненадување за нивните фанови.
Вајат и Димитри се пораснати и многу потсетуваат на своите родители. Ќерката е копија на Мила, а синот многу наликува на Ештон, но со светла коса.
Мила и Ештон се големи фанови на кошарката и, очигледно, својата љубов кон овој спорт ја пренеле и на децата.
Сите од семејството одлично се забавуваа на натпреварот, се смееја, навиваа, а по мечот се фотографираа и со една од најдобрите кошаркарки на Indiana Fever, Кетлин Кларк.
Погледнете повеќе фотографии:
А. Ј. | Црнобело