Паркер - несудена балерина
- Детали
- четврток, 04 февруари 2010
Ѕвездата на Сексот и градот, Сара Џесика Паркер, жали што се откажала од својот сон – да стане балерина. Тоа било нејзино единствено хоби кое...
...го сакала повеќе од глумата.
Паркер како мала се занимавала со балет, но прекинала во 80-тите години кога започнала да се занимава со актерство.
Признава дека сеуште сака да настапува “Не жалам за ништо, бидејќи го одбрав вистинскиот пат, но сеуште сакам да можам да играм балет. Тоа ми е најдраг спомен од детството.“
Оваа мајка на три деца вели дека нема намера да ги остварува своите соништа преку децата. Така кога го запишала синот Џејмс на часови по клавир била свесна дека тој ќе го прави тоа само ако навистина го сака.
“Нема да ги присилувам на ништо. Сакам само да се среќни со она што го прават“, вели Паркер.