Ретко појавување на Анџелина Џоли со биолошкиот син: Нокс е копија на татко му Бред (фото)
- Детали
- понеделник, 18 ноември 2024
Нокс, 16-годишниот син на Бред Пит и Анџелина Џоли, се држи настрана од јавност, па беше изненадување што се јави со мајка му на доделувањето на Governors Awards. На престижниот настан присуствуваа и други ѕвезди, како Деми Мур и Џеј Ло.
Синоќа (17.11) се одржа доделувањето на Governor Awards, во организација на Академијата за филмски уметности и науки која стои и зад престижните Оскари.
Церемонијата се одржа во Холивуд, а меѓу присутните беа некои од најпознатите актери.
На настанот присуствуваше и Анџелина Џоли, и тоа со син ѝ Нокс кој скоро никогаш не се појавува во јавност.
16-годишниот биолошки син на Џоли и Бред Пит сè повеќе личи на татко му.
Џоли носеше долг фустан со бела и златна боја, во комбинација со впечатлив сребрен накит.
Нокс носеше елегантен црн костум со бела кошула, и е како копија на татко му Бред во младоста.
Анџелина редовно посетува настани во друштво на некое од нејзините деца, но вистинска реткост е да ја видиме со Нокс.
На доделувањето на наградите дојдоа и други големи филмски ѕвезди, како Џенифер Лоренс која е бремена, Памела Андерсон која се појави без шминка, но и Деми Мур која уште еднаш покажа дека годините не ѝ можат ништо.
Повеќе фотки од настанот во продолжение:
Спирова С. | Црнобело