За Софија Лорен рече дека е „коза“ во споредба со неа, младиот љубовник ја уништи – Факти за Џина Лолобриџида
- Детали
- недела, 10 март 2024
Повеќе од 20 години била во среќен брак со словенечки доктор, а потоа одлучила дека ѝ требаат промени. Како љубовта за млади мажи ја остави холивудската икона Џина Лолобриџида без пари и имот, скарана со синот и со најблиските?
За Џина Лолобриџида велеа дека е Мона Лиза на 20-тиот век и таа беше ѕвезда во Холивуд во времето кога Мерил Стрип и Дајен Китон сѐ уште биле само мали девојчиња.
Улогите со Френк Синатра, Ерол Флин и Рок Хадсон, нејзината вонвременска природна убавина и совршеното тело со облини правеа таа да мами воздишки кај мажите и завист кај жените.
На врвот на славата беше лута ривалка со Софија Лорен. А, во медиумите ќе остане запаметена нејзиниот одговор на тврдењето на Софија дека таа има побујни гради од Џина, кога рече:
„Ние сме различни како тркачки коњ и коза... А, јас сум првото од двете“
Во продолжение неколку интересни факти за Џина:
Џина била родена во 1927 година како ќерка на столар и пораснала во планинско селце во Италија. Како тинејџерка почнала да работи како модел и се пријавувала во натпревари за убавина.
Во 1947-ма година се натпреварувала за титулата Мис Италија, но го освоила третото место.
Во тој период почнала да се појавува во повеќе италијански филмови, па дури имало и гласини дека холивудскиот тајкун Хауард Хјуз со приватен авион долетал за да ја однесе во САД, но вистинскиот успех ќе го оствари неколку години подоцна, во 1953-та.
Додека важеше за најубавата жена во светот, Џина беше во брак со словенечкиот доктор Милко Шкофиќ, со кого го доби синот Милко Шкофиќ Јуниор.
Џина и Милко беа заедно 22 години, сѐ до 1971 година кога одлучија да се разведат, а актерката престана да снима филмови и наместо тоа, се посвети на фотографијата, скулпторството, политиката и новинарството.
Паралелно со промената на кариерата, Џина одлучила да го живее својот живот со полн здив, па следувале периоди во кои се забавувала со многу помлади мажи од неа.
„Мајка ми често во минатото беше жртва на опортунисти, но секогаш знаеше да се разбуди по кратко време и да ги избрка тие луѓе“ – вели нејзиниот син Милко.