По 23 години Аксел и Слеш повторно заедно на сцена

За среќа на обожавателите на култниот рок бенд, ова не беше првоаприлска шега.

po-23-godini-aksel-i-slesh-povtorno-znaedno-na-scena-01.jpg

Со исклучок на минатата ноќ, последниот пат кога Аксел Роуз и Слеш настапија заедно беше на 17-ти јули, 1993-та година на стадионот на Ривер Плате во Буенос Аирес, Аргентина.

Се чини дека недоразбирањата помеѓу ривалите завршија, а GUNS N' ROSES  повторно се собраа на истото место каде што ја започнаа својата кариера - во рок клубот Трубадур, лоциран во западниот дел на Холивуд.

Ограничениот број на билети за концертот се распродале во експресно краток рок, по цена од само $10 долари, а оние среќници кои навреме купиле билет, имаа можност да го слушнат омилениот бенд обединет, како во старите добри времиња.

Аксел Роуз, Слеш, Даф Мек Кеган, Френк Ферер и Ричард Фортус се погрижија за одличната атмосфера, свирејќи ги нивните најголеми хитови Welcome To The Jungle, Sweet Child O' Mine, New Rose, Chinese Democracy...

GUNS N' ROSES ќе имаат уште 6 концерти во април, 2 на музичкиот фестивач Коачела, 2 во Лас Вегас и уште 2 концерти во Мексико Сити.

За време на концертот, бендот воедно ја најави и летната турнеја за 2016-та година којашто ќе започне на 23-ти јуни, настапувајќи во неколку градови во Северна Америка.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едвај избегнал затвор, го смени личниот опис за да стане славен – Помалку познати факти за Џанлука В... На Инстаграм го гледаме како ужива во патувањата и луксузот, а сам призна дека м...
Кортни Кардашијан и Тревис Баркер споделија први фотки од синчето Роки Околу еден месец откако се породи, Кортни Кардашијан конечно подели фотки со син...
Моменти кои докажуваат дека Норт Вест е разгалено дете (а Ким и Канје лоши родители) Постојано ја навредува мајка ѝ, а еднаш го фрлила телефонот на татко ѝ во тоалет...
Кети Пери со рогови, Лорен Санчез ги покажа облините во фустан од кристали - Како Џеф Безос го просл... Како ќе се облечете ако имате можност да одите на роденденската забава на еден о...
Модни промашувања и погодоци на доделувањето на Critics‘ Choice Awards 2024 (фото) Марго Роби изгледаше беспрекорно во долгиот елегантен фустан, но режисерката Гре...
Холивудски актери кои биле без „скршен денар“ кога ја добиле улогата што ги прослави Шарлиз Терон безуспешно пробувала да кешира чек од ангажман како модел, кога ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg