Модни промашувања и погодоци на доделувањето на Critics‘ Choice Awards 2024 (фото)

Марго Роби изгледаше беспрекорно во долгиот елегантен фустан, но режисерката Грета Гервиг се појави со фустан кој критичарите го опишуваат како „истуткан чаршаф“. Што носеа филмските ѕвезди на 29-тото издание на Critics‘ Choice Awards?

modni-promashuvanja-i-modni-pogodoci-na-dodeluvanjeto-na-critics-choice-awards-2024-foto-01.jpg

Синоќа (14.01) во Лос Анџелес се одржа 29-тото издание на Critics‘ Choice Awards и како и секоја година, покрај филмовите и сериите кои се номинирани и наградени, доста внимание привлекуваат и модните изданија на познатите.

Марго Роби со црвениот долг фустан и Џенифер Анистон со елегантни панталони и корсет беа меѓу фаворитите.

Но, многу повеќе се истакнаа модните утки кои годинава ги имаше во изобилство.

Били Ајлиш се појави во аутфит што ги подели мислењата. Младата пејачка носеше тесен црн фустан со бела кошула и високи црни чизми. На долниот дел од фустанот ѕиркаше нешто налик на белата кошула.

modni-promashuvanja-i-modni-pogodoci-na-dodeluvanjeto-na-critics-choice-awards-2024-foto-02.jpg

Џулиен Мур, пак, се појави во виолетов фустан со чуден крој кој беше малку истуткан.

modni-promashuvanja-i-modni-pogodoci-na-dodeluvanjeto-na-critics-choice-awards-2024-foto-03.jpg

Во бизарен аутфит се појави и продуцентката Пери Немироф која носеше многу, многу широки таканаречени карго панталони, во комбинација со бела маичка.

modni-promashuvanja-i-modni-pogodoci-na-dodeluvanjeto-na-critics-choice-awards-2024-foto-04.jpg

Со аутфитот потфрли и режисерката на Barbie Грета Гервиг – која носеше долг, широк бел фустан што критичарите го опишаа како „истуткан чаршаф за кревет“.

modni-promashuvanja-i-modni-pogodoci-na-dodeluvanjeto-na-critics-choice-awards-2024-foto-05.jpg

Јапонскиот продуцент и експерт за визуелни ефекти Такаши Јамакази ја имаше можеби најчудната комбинација.

Додека костумот што го носеше изгледа просечно, тој со себе носеше и играчка Годзила, а на чевлите имаше детаљ кој наликува на канџата на чудовиштето.

modni-promashuvanja-i-modni-pogodoci-na-dodeluvanjeto-na-critics-choice-awards-2024-foto-06.jpg

modni-promashuvanja-i-modni-pogodoci-na-dodeluvanjeto-na-critics-choice-awards-2024-foto-07.jpg

Од друга страна, некои од најпознатите филмски ѕвезди блеснаа на доделувањето на наградите.

Кои беа најдобро облечените ѕвезди на настанот?

Спирова С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
18 ѕвезди за кои (најверојатно) не знаете дека се роднини Некои ѕвезди не само што ги врзува работата, туку и роднинските врски. Дали сте ...
Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ... „Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...
Холивудски ѕвезди кои глумеле со своите деца или родители во ист филм Дали знаете дека Румер Вилис како дете глумела во ист филм со нејзината славна м...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg