Моменти кои докажуваат дека Норт Вест е разгалено дете (а Ким и Канје лоши родители)
- Детали
- среда, 20 март 2024
Постојано ја навредува мајка ѝ, а еднаш го фрлила телефонот на татко ѝ во тоалетна школка – Зошто Ким и Канје се критикувани дека не си ја воспитуваат нивната најстара ќерка?
Најстарата ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест – Норт – веќе има репутација на „разгалено дете“.
Лошото однесување во јавност и лошиот однос кон мајка ѝ кој е очигледен во реалното шоу, заедно со фактот дека уште откако е родена има сè што ќе посака, можеби се причина што си го заработи епитетот.
Секако, кога станува збор за мали деца, во голема мера одговорни се родителите за нивното однесување.
Па, Ким и Канје честопати се критикувани дека не си ја воспитуваат 10-годишната ќерка.
Неколку ситуации поради кои Ким и Канје изгледаат како лоши родители, а Норт – разгалена ќерка:
Норт сподели видео на ТикТок со кое се пофали дека го нацртала омотот од новиот албум на татко ѝ, а на кој се гледа голиот задник на Бјанка Сенсори.
Норт има дијамантски накит на забите кој вреди мало богатство.
Пред камери го критикуваше фустанот на мајка ѝ за Мет гала 2023
Во инсерт од реалното шоу на Кардашијанс, се гледа како Ким го пробува бисерниот фустан, а Норт не штеди на критики, па дури и го наведува дизајнерот.
Норт вели дека фустанот изгледа како да чини еден долар и наведува и други навреди, додека на дизајнерот очигледно му е непријатно.
По емитувањето на епизодата, бројни фанови на Кардашијанс се согласија дека е добро што Ким ја прашува Норт за мислење, но и дека треба да ја научи како да покажува почит.
Во епизода на шоуто на Кардашијанс, Ким откри дека Норт го зела телефонот на Канје и го фрлила во тоалетната школка, а тој не ѝ рекол ништо.
Во бројни видеа на ТикТок, Норт ја навредува мајка си, а истото се гледа и во неколку епизоди од реалното шоу.
Норт е неучтива, ја нарекува мајка ѝ лажга и доста често ѝ зборува со повишен тон.
Норт ѝ има кажано на Ким дека имала лоша кожа на лицето, се шегува на сметка на нејзините студии по право и, генерално, знае да се потсмева за секој аспект од животот на мајка ѝ.
Норт неколкупати се однесуваше лошо на настани – лани во Лос Анџелес, додека со мајка ѝ позираа, Норт одеднаш само неучтиво мавна со раката и си замина.
Во друга пригода, Норт се појави на настан со лист хартија на кој пишуваше „Стоп“ и постојано го држеше насочен кон камерите.
Наводно, дури и на другите членови од семејството Кардашијанс им било „преку глава“ од однесувањето на Норт.
Спирова С. | Црнобело