„Создадовте чудовиште“ – Фановите згрозени од однесувањето на ќерката на Ким и Канје на моден настан (видео)
- Детали
- понеделник, 24 април 2023
„Таа е уште дете, не е виновна, кој ѝ е мајка, и кој ѝ е татко“, „Создадовте чудовиште“, „Ким знаеше каков е Канје кога се мажеше за него, сега е осудена да одгледува негови деца. Воопшто не ми е жал за неа“, се дел од коментарите на видеото на кое Норт Вест демонстративно си заминува од црвениот тепих на моден настан во Лос Анџелес.
Ким Кардашијан викендов беше на доделувањето на Модните награди во Лос Анџелес, а друштво ѝ правеше нејзината најстара ќерка Норт Вест (9).
И додека Ким позира со нејзиниот долгогодишен пријател и фризер, Крис Апелтон, Норт демонстративно си замина.
Таа со раката прави гестикулација како да не сака да е таму и си оди, додека Ким и Крис остануваат да се фотографираат.
Видеото од непристојното однесување на Норт го објави „People“ на Инстаграм, па предизвика лавина коментари за однесувањето на ќерката на Ким и Канје Вест.
„Создадовте чудовиште“,
„Таа е уште дете, не е виновна, кој ѝ е мајка, и кој ѝ е татко“,
„Ким знаеше каков е Канје кога се мажеше за него, сега е осудена да одгледува негови деца. Воопшто не ми е жал за неа“, се дел од коментарите на видеото кое има преку 40.000 лајкови.
Но има и такви кои велат дека ќерката на ријалити ѕвездата не си заминала доброволно, туку дека Ким ѝ вели да се тргне.
„Мислам дека Норт не е проблемот. Ким ја брка за да може сама да се фотографира со Крис“, стои во коментарите.
Норт е најстарата ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест. Тие имаат уште три деца – Сент, Чикаго и Псалм.
Децата живеат со Ким и ретко го гледаат Канје откако Кардашијан поднесе барање за развод од познатиот музичар.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело