Бијонсе заедно со Блу Ајви ја промовираше првата сопствена фитнес колекција
- Детали
- петок, 01 април 2016
Поп дивата Бијонсе повторно нѐ потсетува зошто има статус на супер ѕвезда.
Се чини дека на 34-годишната пејачка не и е доволна една насловна страница, па токму затоа ги краси двете корици на магазинот Elle, односно американското и британското издание на списанието за месец мај.
Прекрасната Бијонсе позира за американскиот Ел во парче од нејзината нова фитнес колекција Ајви Парк на Топшоп, со минимална шминка и беспрекорно тонирано тело. Изгледот на дивата е надополнет со прекрасно дефинирани кадрици, кои изгледаат природно и доловуваат едноставен изглед.
Насловната страница за британското издание на Ел е во сличен дух, пренесувајќи чиста естетика и природен изглед. Покрај собраната коса на Бијонсе, во преден план е нејзината совршено сјајна кожа и скоро проѕирната шминка, „зачинета“ со лесно контурирање, сенка и сјај на усните во светли земјени тонови.
Интервјуто е окарактеризирано како длабочински искрено, во кое Бијонсе зборува за нејзината слобода, феминизмот и како нејзината модна фитнес колекција Ајви Парк има цел да им помогне на жените, да го засакаат изгледот на своето тело.
(O)Милена | Црнобело