Познати личности кои речиси ги заборавивме, но повторно им се враќа славата
- Детали
- сабота, 27 април 2024
Бритни Спирс, Линдзи Лохан и Парис Хилтон се дел од ѕвездите кои извесен период „исчезнаа“, но потоа го сменија имиџот и сега се повторно многу популарни.
Од разни причини некогаш и најпознатите актери и музичари се повлекуваат од јавноста, па дури и прават пауза од кариерата.
Некогаш си продолжуваат со мирниот живот, но некогаш се враќаат на сцената и успеваат да ги засенат сите колеги - некогаш со талентот, а некогаш и само со однесувањето.
Неколку ѕвезди кои речиси ги заборавивме, но повторно се прославија:
Линдзи Лохан
Благодарение на тинејџерските комедии, Линдзи Лохан беше огромна ѕвезда во раните 2000-ти.
Но, извесен период како да исчезна од јавноста и се соочуваше со проблеми, како алкохолизам.
Во 2021-ва, актерката сними нов филм, Falling for Christmas, со што постепено си ја врати популарноста.
Тејлор Лотнер
Популарноста на ѕвездата од Twilight опадна откако јавноста почна да заборава на познатата франшиза.
Некои мислеа и дека целосно се откажал од глумата.
Но, во 2022-ра повторно почна да се прославува благодарение на филмот Home Team.
Парис Хилтон
Богатата наследничка привлекуваше многу внимание со контроверзното однесување во раните 2000-ти, а потоа долг период не слушавме многу за неа.
Но, Парис постепено си го промени имиџот, стана мајка и почна да снима нејзино шоу за готвење, па си ги врати фановите, а стекна и нови.
Тоби Мегваер
Досега многу актери се појавиле во улогата на Спајдермен, а Тоби Мегваер е оној што го прослави ликот.
Но, по завршувањето на неговата трилогија, речиси и да не слушавме за него.
Сепак, во 2021-ва се појави во нов филм за Спајдермен и си ја врати популарноста.