Познати личности кои речиси ги заборавивме, но повторно им се враќа славата
Шенон Доерти
Ѕвездата од Beverly Hills, но и Charmed, почна повторно да го привлекува вниманието од тажна причина – нејзината битка со ракот.
Но, таа не дозволи болеста да ја спречи, па во 2021-ва се појави и во филм.
Кортни Кокс
По завршувањето на Friends, веројатно никој не ни помислуваше на Кортни Кокс.
Таа глумеше во неколку серии, но не беа ни приближно популарни колку Friends.
Сепак во 2022-ра, со улогата во петтото продолжение од Scream, почна да го привлекува вниманието на јавноста.
Секако, овде е и обединувањето со колегите од Friends кое фановите го чекаа со години.
Нина Добрев
Ѕвездата од The Vampire Diaries не беше многу присутна во јавноста по завршувањето на серијата.
Но, во 2021-ва се појави во романтичната комедија Love Hard и оттогаш постепено си ја врати популарноста.
Меган Фокс
Меган се прослави благодарение на Transformers и иако за многумина нејзините актерски способности се дискутабилни, сепак привлекуваше внимание со изгледот.
Откако се венча и стана мајка, јавноста ретко слушаше за актерката.
Но, по разводот почна повторно да си ја враќа популарноста – делумно поради новите филмови, но многу повеќе поради бурната врска со Машин Ган Кели.
Бритни Спирс
Најголемата ѕвезда од 2000-тите не се експонираше во јавност, но причината за тоа беше легалното старателство што татко ѝ го имаше врз неа.
Поради судската битка со татко ѝ, Бритни повторно беше во центарот на вниманието.
Пејачката има изјавено дека не планира да пее, но издаде книга, а нејзините објави на Инстаграм привлекуваат многу внимание.
Спирова С. | Црнобело