Најпосакуваните гради заедно: Ким Кардашијан и Емили Ратајковски - топлес
- Детали
- четврток, 31 март 2016
Пред извесен период Ким Кардашијан реши да објави на својот Инстаграм профил голо селфи и да покаже како ѝ изгледа телото 3 месеци по породувањето.
35-годишната ѕвезда изјави дека „нема што да облече“ и предизвика бура на социјалните мрежи со голем број на негативни коментари.
Емили Ратајковски застана на нејзина страна и исто така, објави голо селфи и на својот Твитер профил коментирала: „Обожавам кога маж коментира на одлуката на некоја жена да објави гола фотографија. Нејзино тело, нејзина кариера...“, внесувајќи ја и Ким Кардашијан во објавата.
Love when a man comments on a woman's decision to post a nude photo. Her body, her career. Sexist bullsh*t. @KimKardashian
-->-->— Emily Ratajkowski (@emrata) March 8, 2016
Ким ѝ испратила букет во знак на благодарност, но работите не останаа на тоа.
Сега објавија заедничко голо селфи во јавен тоалет.
Ким за нејзината фотографија коментирала: „Кога и двете немаме што да носиме“, а Емили: „Ние сме повеќе од само нашите тела, но тоа не значи дека треба да бидеме критикувани за тоа или за нашата сексуалност“.
Н. Г. | Црнобело