Згодна и безгрижна на плажа: Марија Шарапова заборави на скандалот со допинг
- Детали
- вторник, 29 март 2016
По скандалот со кој се соочи 28-годишната тенисерка, нема сомнеж дека ѝ е потребен одмор, а и се чини дека воопшто не е загрижена, напротив со танцување ужива на плажите во Мексико.
Откако призна дека последните 10 години ненамерно, по препорака на семејниот лекар, пиела лек познат како „meldonium“ и беше суспендирана, Марија Шарапова реши да одмори и да се ослободи од грижите.
Се чини дека тоа успешно го прави танцувајќи на плажа во црвено бикини од кои јасно се гледа нејзината атлетски градена фигура.
Поранешниот Вимблдон шампион моментално е суспендирана и се чини дека решила да заборави на проблемите токму во Мексико.
Н. Г. | Црнобело