По убиството на девојка му, се венчал со сестра ѝ – Најскандалозниот холивудски режисер потекнува од Србија
- Детали
- недела, 10 ноември 2024
Петар Богдановиќ со потекло од Србија беше успешен режисер и актер, но многу повеќе внимание привлекуваше со скандалозните врски. Откако раскина со актерката Сибил Шепард, тој имаше афера со плејбој зајачица, а по нејзината смрт, се венча со сестра ѝ…
Петар Богдановиќ беше холивудски режисер и актер со потекло од Србија.
Има освоено бројни награди, вклучувајќи и Греми, а можеше да се пофали и со номинации за Оскар и Златен глобус.
За помладата публика, можеби најпрепознатлив е по улогата на психијатарот Елиот во хит-серијата The Sopranos.
Петар почина во 2022-ра, на 82-годишна возраст, а зад себе остави богато филмско наследство, но и скандали за кои се зборуваше долго.
Неколку детали од животот на режисерот и неговите скандалозни врски:
Петар бил роден во Њујорк. Татко му, кој бил Србин, бил пијанист и сликар многу ценет во поранешна Југославија.
Мајка му, пак, потекнувала од Австрија.
Поради татко му, Богдан прво научил српски, а дури потоа англиски.
Бидејќи мајка му била Еврејка, неговите родители избегале од Европа во Америка со цел да се спасат од нацистите.
Кратко потоа, во 1939-та, го добиле Богдан.
Режисерот имал и постар брат, роден во 1938-ма, кој трагично го загубил животот кратко по првиот роденден.
Имено, врз детето паднало тенџере со врела супа, а Богдан дознал што точно се случило дури откако пораснал.
Уште од најрана возраст, Богдан покажувал интерес за филмови, па почнал да си пишува рецензии за сè што ќе изгледа.
Еден период, годишно гледал и по 400 филмови.
Кариерата во филмската индустрија ја започнал во раните 1960-ти, и тоа не само како режисер, туку и актер, продуцент, сценарист, а извесен период и филмски критичар.
И покрај успехот во индустријата, многу повеќе внимание привлекувал скандалозниот љубовен живот на режисерот.
Една од неговите најпознати врски е со актерката Сибил Шепард.
Додека бил во брак со првата сопруга, Поли, Питер почнал афера со Сибил.
Тие заедно работеле на филмот The Last Picture Show, кога Сибил имала 21 година.