По убиството на девојка му, се венчал со сестра ѝ – Најскандалозниот холивудски режисер потекнува од Србија
Режисерот и сопругата се развеле во 1971-ва, по што врската со Сибил станала и официјална.
„Не планиравме да се гледаме откако ќе завршиме со снимањето.
Но, се вљубивме“, има изјавено режисерот.
Нивната врска траела цели седум години, пред да се разделат во 1978-ма.
По разделбата со Сибил, режисерот почнал врска со Дороти Стратен – една од најпознатите плејбој зајачици во 1970-тите.
А, нивната врска била афера – Дороти била во брак со нејзиниот поранешен менаџер Пол Снајдер.
Сепак, Дороти и сопругот веќе не живееле заедно и таа сакала да се разведат.
Но, плејбој зајачицата не го дочекала тој ден.
Пол и Дороти се разделиле откако тој почнал да се сомнева дека го изневерува.
Дури најмил и приватен детектив и дознал за аферата.
Во август 1980-та, кога имала само 20 години, Дороти отишла кај сопругот Пол за да разговараат за разводот.
Пол ја убил Дороти, а потоа се застрелал и самиот.
Овде не завршуваат скандалозните врски на Петар Богдановиќ.
По трагичната смрт на Дороти, режисерот минувал повеќе време со нејзиното семејство.
Па, се зближил со сестра ѝ на Дороти и почнал да се гледа токму со неа.
Режисерот тврдеше дека возрасната разлика од 29 години не им пречи, но и дека заедно ја преболеле смртта на Дороти.
„Бевме како да сме преживеале бродолом.
Двајцата се држевме за истата штица од уништениот брод и сфативме дека сме вљубени еден во друг“.
Тие дури и се венчаа, осум години по смртта на Дороти, но се разведоа во 2001-ва.
Спирова С. | Црнобело