Му роди 2 деца, никој не ја забележа од неговата бунда – Ашер се ожени во Лас Вегас по настапот на Super Bowl 2024
- Детали
- вторник, 13 февруари 2024
„Ние, очигледно, си ветивме дека ќе бидеме заедно цел живот заради децата и навистина немаше да биде во ред да не стапиме во брак“ – со овие зборови Ашер појасни зошто одлучи да застане пред олтар со девојката со која е заедно веќе 5 години и има две деца.
Музичарот Ашер имаше неверојатен настап на годинешното полувреме од Super Bowl, а потоа приреди уште едно изненадување за јавноста – пејачот се ожени за девојката со која е од 2019-та година и со која има две деца, а порано тврдеше дека не му треба парче хартија за да биде среќен.
Пејачот и неговата девојка Џенифер Гоикочеа стапиле во брак во отворена капела во Лас Вегас, а сведок била мајката на пејачот - Џонета Патон.
Инаку, Ашер и Џенифер се во врска од 2019-та година и заедно имаат две деца, а тој претходно даде изјава за People и рече дека логичен чекор во нивната врска е да стапат во брак.
„Секако дека е чест и задоволство да бидете во можност да го делите животот со некого што сака да биде со вас и ве сака такви какви што сте.
Ние, очигледно, си ветивме дека ќе бидеме заедно цел живот заради децата и навистина немаше да биде во ред да не стапиме во брак.
И ќе бидеме заедно до крајот на нашите животи затоа што имаме нешто заедничко. Нашите деца. Но, не само заради тоа, се чувствувам како да имам одлична партнерка што ја почитувам“ – изјави тој.
За време на венчавката, Џенифер носеше бел костим, а Ашер се појави во голема бела бунда и асиметричен костум и речиси целото внимание го привлече врз себе.
Во дел од медиумите се појавија информации дека парот ја планирал венчавката пред настапот и не станува збор за избрзана свадба во Лас Вегас, како што често се случува.
Ашер зад себе има уште еден брак со Тамека Фостер, со која има уште две деца.
Погледнете уште неколку фотки од Ашер и неговата нова сопруга:
Б. С. Б. | Црнобело