Скандалозниот син на Мајкл Џордан: Фатен на дело со прашкасти супстанци под нос, откако раскина со 17 години постарата девојка
- Детали
- четврток, 08 август 2024
„Не сме сигурни што е ова?“ – пишуваат светските таблоиди, откако беа објавени папараци фотки на кои синот на Мајкл Џордан, Маркус е „уловен“ како вшмркува бела прашкаста супстанца, а потоа им се обраќа на пријателите со насмевка...
Синот на Мајкл Џордан, Маркус (33) во минатото беше топ тема заради врската со 17 години постарата поранешна сопруга на колегата на неговиот татко Скоти Пипен, Ларса.
Сега тој се најде среде нов скандал откако беше уловен од папараци како вшмркува бела прашкаста супстанца со помош на метален предмет.
Маркус во моментов се наоѓа на одмор на југот на Франција, заедно со неговата нова девојка Ешли Стивенсон.
Папараците го уловиле за време на ручекот со новата девојка и со пријателите.
Инаку, Маркус е вториот син на Мајкл од бракот со Хуанита Ваној. Славниот кошаркар од истиот брак доби уште две деца, Џефри и Џесмин, а од вториот брак со Ивет Прието ги доби ќерките Викторија и Изабел.
Маркус за време на средношколските и факултетските денови тргна по стапките на татко му и играше кошарка.
Во 2016-та година отвори своја продавница за патики, а најголемо внимание привлекуваше во периодот од 2022-ра до 2024-та година додека беше во врска со сопругата на Скоти Пипен, Ларса.
Ларса е 17 години повозрасна од Маркус, па нивната врска во најмала рака се сметаше за скандалозна.
По разделбата со Ларса, Маркус започна врска со Ешли, за која многумина велат дека премногу наликува на неговата поранешна девојка.
Прочитајте и Со првата се ожени затоа што мораше, а со втората затоа што ја сака: Кои се двете сопруги на Мајкл Џордан?
Б. С. Б. | Црнобело