Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер ќе се венчаат на 5-ти јуни во Белград
- Детали
- понеделник, 28 март 2016
Српската тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајег судбоносното да ќе го кажат пред 300 гости на 5-ти јуни во Белград.
Веднаш штом ќе завршат обврските на Роланд Гарос, Ана Ивановиќ ќе дојде заедно со вереникот во Србија и ќе организира свадба за 300 луѓе.
„Свадбата е планирана и во Србија и го Германија, но првата веселба ќе биде во Белград на 5-ти јуни во Хајат. Таму ќе не забавува „Тропико бенд“, бидејќи се омилената група на невестата. Последниот пат кога младоженците беа во Белград, најмија агент за да се погрижи за сите детали, бидејќи самите немаат време за тоа“ – вели близок извор на младоженците.
По свадбата, Ана ја очекува натпревар на Вимблдон кој почнува на крајот на месец јуни.
Н. Г. | Црнобело