Елен Деџенерис ќе го тренира Новак Ѓоковиќ за Вимблдон (видео)
- Детали
- среда, 23 март 2016
Тениската ѕвезда, Новак Ѓоковиќ, наскоро треба да почне да игра на Miami Open, а неодамна се појави на шоуто на Елен Деџенерис да зборува за неговиот успех, семејството и да поиграат тенис кој Елен го крстила „Скрши го твоето лице“.
Тенисерскиот првак се согласи со Деџенерис дека моментално најдобро игра тенис.
„Да, дефинитивно моите способности моментално се на врвот... Многу работи ми се склопија како во приватниот, така и во професионалниот живот, па најдов хармонија и баланс кој ми дозволува максимално да го искористам мојот потенцијал“ - вели Ѓоковиќ.
„Го ценам секој момент кој го поминувам на теренот“ - додава.
Ѓоковиќ исто така наведе дека некои од неговите најголеми соперници моментално се Роџер Федерер, Енди Мари и Рафаел Надал, но и дека очекува многу од Милош Раониќ и Григор Димитров.
Се договорија со Елен да вежбаат, а во меѓувреме да поиграат со Елен игра која таа ја нарекува „Скрши го твоето лице“.
Н. Г. | Црнобело