Бен Афлек посреќен од кога било без Џеј Ло – На Џенифер Гарнер ѝ е „преку глава“ да им биде брачен советник

Бен Афлек го прослави Денот на независноста на САД во друштво на децата и не престануваше да се смее, додека Џеј Ло беше на другиот крај од државата со нејзиниот менаџер и на фотките изгледа намуртено. Во меѓувреме, Џенифер Гарнер им рекла сами да си ги решаваат проблемите и да не бараат помош од неа.

ben-aflek-posrekjen-od-koga-bilo-bez-dzhej-lo-na-dzhenifer-garner-e-preku-glava-da-im-bide-brachen-sovetnik-01.jpg

Бен Афлек го помина Денот на независноста на САД во Лос Анџелес, во друштво на неговите деца.

Џеј Ло, пак, беше на одмор со нејзиниот менаџер, на другиот крај од државата.

ben-aflek-posrekjen-od-koga-bilo-bez-dzhej-lo-na-dzhenifer-garner-e-preku-glava-da-im-bide-brachen-sovetnik-05.jpg

Додека на папарацо фотките Џеј Ло не изгледа највесело, Бен се чини дека е посреќен од кога било.

ben-aflek-posrekjen-od-koga-bilo-bez-dzhej-lo-na-dzhenifer-garner-e-preku-glava-da-im-bide-brachen-sovetnik-04.jpg

Актерот беше во ресторан со ќерката Вајолет и синот Фин кои ги доби со Џенифер Гарнер, и не престануваше да се смее.

Во еден миг и нежно ја допре ќерка му Вајолет по лицето.

ben-aflek-posrekjen-od-koga-bilo-bez-dzhej-lo-na-dzhenifer-garner-e-preku-glava-da-im-bide-brachen-sovetnik-08.jpg

ben-aflek-posrekjen-od-koga-bilo-bez-dzhej-lo-na-dzhenifer-garner-e-preku-glava-da-im-bide-brachen-sovetnik-60.jpg

И кога станаа од ресторанот, Бен не ја тргаше насмевката.

ben-aflek-posrekjen-od-koga-bilo-bez-dzhej-lo-na-dzhenifer-garner-e-preku-glava-da-im-bide-brachen-sovetnik-09.jpg

Бен и Џеј Ло се немаат огласено за шпекулациите дека ќе се разведуваат, но наводно досега Џенифер Гарнер им била како брачен советник.

Сепак, извори блиски до Гарнер влеат дека на актерката ѝ е „преку глава од нивниот циркус“ и пробува да се дистанцира од нивните проблеми.

Според изворите, оваа ситуација ѝ будела болни сеќавања од периодот кога таа се разведуваше од Бен Афлек.

„Џен се најде во ситуација кога мораше да им рече сами да си ги решаваат проблемите. Сето ова станува премногу болно за неа бидејќи ја потсетува на нејзиниот развод“.

ben-aflek-posrekjen-od-koga-bilo-bez-dzhej-lo-na-dzhenifer-garner-e-preku-glava-da-im-bide-brachen-sovetnik-03.jpg

Наводно, уште кога Гарнер била со Бен, чувствувала дека треба да се натпреварува со Џеј Ло бидејќи актерот ја немал преболено.

„Додека беа во брак, Гарнер многупати ја гледаше Џеј Ло како конкуренција, без разлика што таа и Бен не беа во контакт со години.

Гарнер беше изненадена од тоа што Бен го прифати вниманието од јавноста, без разлика што беше затворена личност додека беше со неа.

Гарнер го отвори својот дом за Џеј Ло бидејќи минатото е зад неа. Се грижи за Џеј Ло и се грижи за нивните деца и за тоа како тие ќе се чувствуваат во целата ситуација.

Но, сепак, ова не е нејзин циркус и нејзе ѝ е преку глава да биде брачен советник на бившиот сопруг и неговата сопруга“, вели изворот.

ben-aflek-posrekjen-od-koga-bilo-bez-dzhej-lo-na-dzhenifer-garner-e-preku-glava-da-im-bide-brachen-sovetnik-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Ја молеше да му прости, па ја остави откако таа јавно покажа колку го сака – Како Бен Афлек ја пониж... „Џеј Ло е „гневна“ и „понижена“ заради разделбата со Бен Афлек“ – пишуваат светс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg