Што мисли Џеј Ло за нејзините „наследнички“ со големи задници - сестрите Кардашијан?
- Детали
- среда, 02 март 2016
Џеј Ло е вечна кралица со нејзиниот задник. Ова е глобално прифатен факт, но секогаш мора да има нови генерации кои ќе ја продолжат „мисијата“.
Така, изминативе неколку години тоа се сестрите Кардашијан, посебно Ким, која од својот задник направи заштитен знак.
Ако имате 15 години и помалку, ќе мислите дека Ким е првата која започна да ги слави и промовира облините и ќе погрешите. Титулата и припаѓа на Џеј Ло.
На шоуто Watch What Happens Live, со цел да добие провокативен одговор, водителот Енди Коен ја праша Џеј Ло дали смета дека сестрите Кардашијан го украдоа нејзиниот заштитен знак.
Одговорот е фантастичен:
„Мислам дека само го асфалтирав патот за нив. Има доволно простор за сите згодни задници.“
М. Д. | Црнобело