Посинокот на Барбара Стрејсенд живее во сиромаштија: Спие во евтин мотел, бара храна по корпи за ѓубре (фото)

Сопругот на Барбара Стрејсенд има син бездомник, а според пејачката, тој ја одбивал нивната помош. Моментално синот престојува во евтин модел, а низ годините е фотографиран и како бара храна од корпи за ѓубре.

posinokot-na-barbara-strejsend-zhivee-vo-siromashtija-spie-vo-evtin-motel-bara-hrana-po-korpi-za-gjubre-foto-01.jpg

Пејачката Барбара Стрејсенд и нејзиниот сопруг Џејмс Бролин живеат раскошно, во вила на Малибу.

Но, и покрај тоа што заедно имаат над 500 милиони долари, синот на Џејмс Бролин живее во сиромаштија и моментално престојува во евтин мотел.

posinokot-na-barbara-strejsend-zhivee-vo-siromashtija-spie-vo-evtin-motel-bara-hrana-po-kontejneri-foto-02.JPGБарбара Стрејсенд со сопругот и неговите синови во 1990-тите

Џејмс Бролин го доби синот Џес со првата сопруга – Џејн – која трагично загина во 1995 година, во автомобилска несреќа.

52-годишниот Џес неодамна беше забележан во близина на мотел во околината на Калифорнија.

Џес има проблеми со прекумерна тежина, а на фотките носеше излитени панталони и маица, како и патики, а на едната нога имаше завој.

На некои фотки се гледа и дека има кожни проблеми.

posinokot-na-barbara-strejsend-zhivee-vo-siromashtija-spie-vo-evtin-motel-bara-hrana-po-kontejneri-foto-03.JPG

posinokot-na-barbara-strejsend-zhivee-vo-siromashtija-spie-vo-evtin-motel-bara-hrana-po-kontejneri-foto-06.JPG

Според извори на Daily Mail, Џес неколку месеци престојува во мотелот познат како Topa Vista, а планирал да остане таму уште некој период.

posinokot-na-barbara-strejsend-zhivee-vo-siromashtija-spie-vo-evtin-motel-bara-hrana-po-kontejneri-foto-04.JPG

posinokot-na-barbara-strejsend-zhivee-vo-siromashtija-spie-vo-evtin-motel-bara-hrana-po-kontejneri-foto-07.JPG

Иако живее скромно, пред некоја година состојбата на Џес беше уште полоша.

Во 2011 година, тој живееше во комбе, откако останал без парите што ги наследил од мајка му.

Откако комбето почна да се распаѓа, Џес спиеше на улица, а неколкупати беше фотографиран како бара храна по корпи за ѓубре.

posinokot-na-barbara-strejsend-zhivee-vo-siromashtija-spie-vo-evtin-motel-bara-hrana-po-korpi-za-gjubre-foto13.jpg

Кога се појавија фотките со контејнерот, неговата маќеа – Барбара Стрејсенд – тврдеше дека се обидувале да му помогнат, но тој одбивал.

„Му имаме понудено помош и ќе продолжиме да се обидуваме.

Многу го сакаме и му го посакуваме најдоброто“, изјави тогаш нејзиниот портпарол.

posinokot-na-barbara-strejsend-zhivee-vo-siromashtija-spie-vo-evtin-motel-bara-hrana-po-kontejneri-foto-05.JPG

Пред да стане бездомник, Џес се проба како актер и се појави во неколку филмови.

Но, според изворите, состојбата со менталното здравје му се влошила по смртта на мајка му која никако не можел да ја преболи.

posinokot-na-barbara-strejsend-zhivee-vo-siromashtija-spie-vo-evtin-motel-bara-hrana-po-kontejneri-foto-08.JPG

Детските години, Џес ги помина во домот на татко му, но не е познато кога почнале неговите проблеми.

Тој има и брат, Џош, кој вели дека иако биле богати, со Џес биле запоставени од татко им.

posinokot-na-barbara-strejsend-zhivee-vo-siromashtija-spie-vo-evtin-motel-bara-hrana-po-kontejneri-foto-09.JPGЏес со татко му Џејмс Бролин

Татко им, пак, понекогаш споделува Инстаграм објави на кои го спомнува и синот бездомник.

Во една објава, тој вели дека е горд на сите негови деца, вклучувајќи го и Џес.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...
Продавање дрога, убиство: Познати личности кои имаат проблематични деца Синот на Џеки Чен беше обвинет за продажба на дрога, додека синот на Том Хенкс п...
Мозочен удар, финансиски проблеми: Трагедиите што ги следат актерите од Beverly Hills Тори Спелинг има сериозни финансиски проблеми, Лук Пери почина од мозочен удар н...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg