Спаси затвореник од смртна казна – Како Ким Кардашијан стана нова надеж за затворениците во САД?

Само 20 минути пред да му биде вбризгана смртоносна инјекција, на затвореникот Рубен Гутиерез му беше одложена смртната казна, откако претходно Ким Кардашијан јавно го бараше тоа. Зошто ријалити ѕвездата е единствена надеж за затворениците кои со години се во затвор?

oslobodi-zatvorenik-od-smrtna-kazna-kako-kim-kardashijan-stana-nova-nadezh-za-zatvorenicite-vo-sad-01.jpg

Оние што ја следат Ким Кардашијан, знаат дека таа освен што е ријалити ѕвезда, истовремено е и успешна бизнис жена, која заработи милијарда долари, но и дека и покрај тоа што сè уште не ја добила дипломата по право, се труди да ги следи стапките на нејзиниот татко Роб Кардашијан и да им обезбеди правна помош на оние на кои им е потребна.

oslobodi-zatvorenik-od-smrtna-kazna-kako-kim-kardashijan-stana-nova-nadezh-za-zatvorenicite-vo-sad-09.jpg

Во прилог на ова оди и нејзината кампања, која ја спроведува неколку години наназад и го користи своето влијание да им помогне на затворениците во САД да добијат похуман третман, но и да им помогне и на оние што таа смета дека заслужуваат втора шанса.

Заради скандалите и голотијата, често се случува нејзините хумани дела да паднат во сенка, но факт е дека таа успеала да им помогне на голем број затвореници.

oslobodi-zatvorenik-od-smrtna-kazna-kako-kim-kardashijan-stana-nova-nadezh-za-zatvorenicite-vo-sad-06.jpg

Во последната епизода на нејзиното реално шоу, таа и сестра ѝ Клои посетија затвор во Северна Калифорнија, каде Ким се сретна со затвореник кој е осуден на доживотна казна затоа што фрлил бомба во семејна куќа и убил двајца сопружници на возраст од 78 и 80 години, како и нивниот 47-годишен син.

Затвореникот Мајкл Фреитас во времето на нападот во 2000-та година имал само 21 година и експлозивната направа ја фрлил по наредба на друго лице, Гилберт Гузман.

oslobodi-zatvorenik-od-smrtna-kazna-kako-kim-kardashijan-stana-nova-nadezh-za-zatvorenicite-vo-sad-07.jpg

Гузман бил во расправија со внукот на семејството чијшто дом го запалиле, заради девојка.

„Јас се оддалечив од семејството од 18 години, а сега служам доживотна казна без можност за условно ослободување. Денес имам 42 години.

Судијата ми рече дека нема шанси да се поправам, дека треба да умрам во затвор и дека за мене нема надеж, затоа што луѓето никогаш не се менуваат“ – вели затвореникот, кој напомнува дека иако засега за него нема надеж, тој сепак во затвор успеал да заврши колеџ и се надева дека ако некогаш излезе од затвор, ќе биде подготвен да сврти нова страница.

oslobodi-zatvorenik-od-smrtna-kazna-kako-kim-kardashijan-stana-nova-nadezh-za-zatvorenicite-vo-sad-05.jpg

Според Ким, овој маж заслужува втора шанса затоа што тој бил многу млад кога го извршил тројното убиство.

Но, ова не е единствениот затвореник за кој Ким се заложила во изминатите години.

Таа повеќепати водела кампања за да им помогне на некои затвореници да ја избегнат смртната казна, а таков беше случајот со 47-годишниот Рубен Гутиерез, кому на 17-ти јули годинава требаше да му биде изречена смртната казна.

Но, само 20 минути пред да му биде вбризгана смртоносната инјекција, тој доби дозвола да остане во затвор.

Гутиерез бил обвинет во 1999-та година со обвинение дека со штрафцигер убил 85-годишна старица во нејзиниот дом. Тој признал дека се обидел да ја ограби старицата која во домот имала заштеда од 600.000 долари, но тврди дека е невин за убиството.

oslobodi-zatvorenik-od-smrtna-kazna-kako-kim-kardashijan-stana-nova-nadezh-za-zatvorenicite-vo-sad-04.jpg

Ким Кардашијан отворено се заложила за него и побарала од гувернерот на Тексас да му ја одложи егзекуцијата.

Инаку, тој од 2009-та година бара ново тестирање на ДНК материјалот од собраните докази и уверен е дека на тој начин ќе докаже дека веќе 25 години неправедно лежи во затвор.

oslobodi-zatvorenik-od-smrtna-kazna-kako-kim-kardashijan-stana-nova-nadezh-za-zatvorenicite-vo-sad-02.jpg

Ким досега водела голем број кампањи да им помогне на затворениците кои според неа заслужуваат втора шанса, а можеби еден од најпознатите случаи е кога во 2017-та успеа да ја ослободи Алис Џонсон од доживотна казна која ја добила за поседување опојни супстанци.

Ким отиде дотаму што дури побара и прием во Белата куќа и лобираше кај тогашниот претседател Доналд Трамп да ја помилува жената, која била осудена за прекршок што го направила првпат во животот.

oslobodi-zatvorenik-od-smrtna-kazna-kako-kim-kardashijan-stana-nova-nadezh-za-zatvorenicite-vo-sad-03.jpg

Таа успеа да ослободи и повеќе други жени и мајки кои биле осудени на долги затворски казни за ситни кривични дела, а во 2019-та изјави дека работи напорно за затворениците кои излегуваат од затвор, да им се обезбедат можности за престој и вработување.

Ова се само некои од големиот број примери на правни случаи во кои Ким ја понудила својата помош и се потрудила да им даде поддршка низ годините.

oslobodi-zatvorenik-od-smrtna-kazna-kako-kim-kardashijan-stana-nova-nadezh-za-zatvorenicite-vo-sad-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Ким Кардашијан на скршеното стапало си стави гипс во облик на висока потпетица + црвени нокти Коментарите се од „Иновативно“ до „Скршено стапало не треба да биде во гипс со о...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg