Харпер Бекам блесна во слип фустан покрај мама Викторија - ќерката на Бекамови порасна во убавица (фото)
- Детали
- среда, 06 ноември 2024
Поранешната спајс девојка, Викторија Бекам, доби награда од реномираниот моден магазин Harper’s Bazaar, а на настанот дојде со својата 13-годишна ќерка.
Викторија Бекам е избрана за претприемач на годината според модниот магазин Harper’s Bazaar, а наградата ѝ ја додели нејзината 13-годишна ќерка Харпер.
Викторија и овој пат изгледаше беспрекорно, во костим со боја на шампањ, додека нејзината ќерка Харпер носеше бел слип фустан, дополнет со златен накит.
Харпер ѝ ја предаде наградата на Викторија, додека од публиката ги бодреа мајката на Викторија, Џеки и нејзината сестра Луиз.
Ќерката на Дејвид и Викторија прерасна во вистинска убавица и многумина коментираат дека е копија на својот славен татко.
Според британските медиуми, Харпер наскоро би можела да почне да работи и како модел, бидејќи многу брендови сакаат ќерката на славната дизајнерка и фудбалерот да биде нивно заштитно лице.
Инаку, на доделувањето на наградите во Лондон присуствуваа и актерките Софи Тарнер (од Game of Thrones) и Никола Коглан (од Bridgerton).
Погледнете повеќе фотографии:
А. Ј. | Црнобело