Славни личности кои се воздржувале од секс и по неколку месеци (и зошто)
- Детали
- петок, 21 јуни 2024
Џастин Бибер се воздржувал од секс бидејќи сакал да се поврзе со Бог, додека Дру Баримор вели дека ѝ се случувало да нема секс и по неколку години.
Некои луѓе одлучуваат да се воздржуваат од секс извесен период, и тоа од разни причини.
Некои поради религиски верувања, некои поради дисциплина, некои бидејќи сакаат да се фокусираат на нешто потполно друго во животот, а некои бидејќи го чекаат вистинскиот партнер.
Оваа одлука е лична и ретко кој ја споделува со другите. Но, некои познати личности отворено прозбореа за ваквите периоди од нивните животи.
Кои славни личности извесен период се воздржувале од секс?
Суки Вотерхаус
Пред да ја почне врската со Роберт Патинсон, Суки Вотерхаус изјави дека долго време немала секс.
Таа не откри колку време немала односи, но истакнува дека во тој период од животот не ѝ требала драмата која доаѓала со сексот.
„Тоа што се воздржував ми го тргна хаосот од животот и ме ослободи од должноста да останувам во контакт со некои луѓе… Не одев ни на состаноци.
И, беше одлично. Ми се разјаснија многу работи и се чувствував удобно во своја кожа. И, тогаш го сретнав дечко ми“.
Ендру Гарфилд
Актерот изјави дека се воздржувал од секс за улога.
Во 2016 година, тој глумеше свештеник во филмот Silence, а вели дека имал духовно будење додека се подготвувал за улогата.
„Имав неверојатно духовно искуство. Секој ден одвојував време за духовни активности, си создавав нови ритуали.
Шест месеци немав секс и постев бидејќи и онака требаше да ослабам за улогата.
Беше лудо. Имав навистина необични искуства додека се воздржував од храна и секс“.
Тери Крус
Актерот има изјавено дека неговата зависност од порнографија речиси му го уништила бракот.
Со помош на сопругата, тој ја надминал зависноста, а заедно одлучиле да се воздржуваат од секс за повторно да се зближат и да ја вратат искрата во нивниот однос.
„90 дена немавме секс. Луѓето се чудеа, но да бидам искрен, беше навистина убаво.
Се вратив во периодот кога имав 12 години и ми се доаѓаше една девојка, а не знаев ништо за сексот. Но, секој ден ѝ давав цвеќе и ѝ кажував дека многу е убава.
Тоа што се воздржуваме од секс и двајцата нè врати во такви моменти. На почетокот мислев дека ќе биде ужасно, но се претвори во најубавото нешто што сме го направиле со сопругата“.