Славни личности кои се воздржувале од секс и по неколку месеци (и зошто)
Џастин Бибер
Во интервју, пејачот изјави дека се воздржувал од секс повеќе од една година пред да ја обнови врската со сопругата Хејли.
„Некогаш луѓето имаат секс бидејќи не се чувствуваат добро, бидејќи им недостасува самодоверба. И мажите и жените го прават тоа.
Јас сакав да си ја вратам посветеноста на Бог воздржувајќи се од секс бидејќи мислев дека тоа е најдобро за мене“.
Лејди Гага
Во 2010 година, Лејди Гага откри дека се воздржува од секс и одење на состаноци, најмногу бидејќи немала време.
„Нема секс, сингл сум и сакам да бидам сингл бидејќи немам време да се посветам на партнер
. Во ред е да немате секс. Не мора да имате секс за да се чувствувате добро во врска со себе.
И, ако не сте подготвени за односи со некоја личност, нема потреба да имате секс“.
Дру Баримор
Познатата актерка има изјавено дека неколкупати во животот се воздржувала од секс.
Еднаш откри дека се случувало да нема секс и повеќе од една година.
„Само да нагласам дека не го мразам сексот. Но, со годините научив дека љубовта и сексот не се истото нешто“.
Орландо Блум
Орландо откри дека добил совет од пријател да се воздржува од секс доколку сака да најде партнерка со која ќе изгради сериозна врска.
И, пред да ја сретне Кети Пери, актерот го послушал советот.
„Најпрво сакав да се воздржувам три месеци, но навистина уживав, па издржав шест. Овој период научив подобро да ги разбирам жените“.
Спирова С. | Црнобело