Анџелина Џоли: „Никогаш не сакав да имам дете“
- Детали
- четврток, 18 февруари 2016
Анџелина Џоли, мајка на едно од најпознатите холивудски семејства, некогаш имала само 20-на години и немала никаков интерес за деца. Барем сè додека не пристигнала за прв пат во Камбоџа.
„Чудно е, никогаш не сакав да имам дете“ - изјавила познатата актерка.
„Никогаш не сакав да бидам бремена, да чувам деца... Никогаш не се замислував како мајка“ - додала.
Но, пред 16 години, кога за прв пат пристигнала во Камбоџа за снимањето на филмот „Lara Croft: Tomb Raider“, животот засекогаш ѝ се променил.
„Кога за првпат пристигнав во Камбоџа животот ми се промени. Ми се променија ставовите и сфаќањата. Сфатив дека постојат многу работи на кои историјата не нè учи и дека постојат многу работи за животот кои допрва треба да ги разберам“ - објаснила.
Контактирала со Обединетите Нации и повторно се вратила во оваа земја.
Токму на ова патување го посвојува своето прво дете, Медокс.
„Одеднаш сè ми стана јасно. Знаев дека моето дете е некаде во оваа земја“.
Во 2002-та година го посвојува Медокс, а сега заедно со Бред Пит имаат уште 5 деца.
Н. Г. | Црнобело