Бебе Реџа по 12 години се врати во Дебар: Го посети гробот на дедо ѝ, цело село дојде да ја испрати
- Детали
- вторник, 30 јули 2024
Бебе Реџа го крена дебарскиот крај на нозе - помина еден ден со семејството, соселаните на дедо ѝ дојдоа да ја видат и да се фотографираат со неа...
Музичката ѕвезда Бебе Реџа, чиј татко е роден во градот Дебар, по повеќе од една деценија се врати во неговиот роден крај.
Таа во Македонија дојде со семејството, па помина време со роднините, а го посети и гробот на дедо ѝ, кој се наоѓа во едно од околните села на Дебар.
Бебе, која е родена во Њујорк, објави неколку фотографии на Инстаграм од денот поминат со фамилијата.
„По 12 години се вратив во родниот град на татко ми, Дебар, Македонија.
Поврзувањето со моите корени и семејството беше многу емотивно.
Особено значајна ми беше посетата на гробот на дедо ми, зашто не можев да дојдам на неговиот погреб, бидејќи во тоа време бев на турнеја.
Семејството ми значи сè, и оваа посета ме потсети на важноста на нашата поврзаност“, напиша пејачката.
Семејството, но и соселаните од родното место на дедо ѝ ја пречекаа како вистинска ѕвезда, дојдоа да ја видат, да се фотографираат со неа.
Таа помина неколку часа со нив, па на Инстаграм сподели фотографии и видеа, на кои позира покрај корито со вода, но и до гробот на дедо ѝ.
Таа објави фотки и од околината во која се наоѓа семејната куќа, но и како со целата фамилија се забавува во дворот на куќата, додека играат, ладат лубеници во корита со вода, а потоа сите ја испражааи и ѝ мафтаат додека си оди.
Погледнете ги фотографиите од посетата на пејачката на Дебар и селото на дедо ѝ:
А. Ј. | Црнобело