6 музичари со неуспешни актерски кариери
- Детали
- недела, 07 февруари 2016
Поради некоја причина постојат луѓе во филмскиот бизнис кои мислат дека доколку некој музичар е популарен, тоа значи дека може да биде добар актер.
Се разбира, неколку музичари имале успешна актерска кариера - Дејвид Боуви, Том Вејтс, Шер, Вил Смит, и Барбра Стрејсенд. Тука нема да пишуваме за нив.
Kои музичари биле неуспешни актери?
Бијонсе
Бијонсе во основа има два вида на улоги: во кои пее и во кои треба да глуми. На пример, и одговараат улоги во музички филмови, како „Cadillac Records“ и „Dreamgirls“, но во другите филмови не се покажала како добра актерка. На пример, глумата во „Austin Powers“ филмовите и беше лоша. Таа, исто така била номинирана за Златна Малина, за најлоша актерка.
Ванила Ајс
Роден како Роберт Ван Винкл, Ванила Ајс бил позната поп ѕвезда во 1990-та година со неговиот сингл „Ice Ice Baby“. Тој бил главен актер во филмот„Cool“, кој бил базиран на филмот на Марлон Брандо „Диви во срцето“. За неговата изведба освоил Златната Малина за најлош актер, а филмот добил награда за најлош филм.
Кели Кларксон
Во филмот „From Justin to Kelly“ Кели глумеше келнерка од Тексас, која запознава студент од Пенсилванија, Џастин. Воглавно филмот го опишува нивниот однос. Филмот доби девет Златни Малини, вклучувајќи ги наградите за најлош актер и најлоша актерка.
Џесика Симпсон
По излегувањето на нејзиниот прв албум, Симпсон била споредувана со Бритни Спирс. Се појавува како Дејзи Дјук во лошата адаптација на познатиот филм „Војводите од Хазард“. После ова фијаско таа продолжи да глуми, а се појавува во филмот „Blonde Ambition“.
Бритни Спирс
Бритни Спирс настапи на светската поп сцена со провокативната песна и видео "... Baby One More Time" во 1997. По уште неколку хитови, сите имаа големи очекувања од неа. Но секој што има слушнато за филмот „Crossroads“ знае дека актерството на Спирс е полошо од било која песна која таа некогаш ја испеала. Филмот, кој се базира на една идеја од Спирс, доби Златна Малина за најлош филм, најоша актерка и најлоша песна.
50 Сент
По успехот на филмот „8 Mile“ луѓето поради некоја причина мислеа дека Куртис Џексон, попознат по својот прекар 50 Сент, може да оствари голема актерска кариера. Во 2005-та година излезе филм базиран врз неговиот живот „Get Rich or Die Tryin'“. Семјуел Л. Џексон одбил да глуми во филмот, бидејќи не сакал да работи со неискусен актер.
М. А. | Црнобело