Никол Кидман (56) во провокативна фотосесија - Претерала со ботоксот или е совршена?
- Детали
- петок, 22 март 2024
„Престани да ставаш толку многу ботокс“, „Дали старееш? На секоја фотографија што ја објавуваш си помлада и помлада“ - новите секси фотки на Никол Кидман предизвикаа поделени реакции за нејзиниот изглед. Дали и вас ви изгледа вештачки изобличено и преслабо или сепак е совршена?
Австралиската актерка Никол Кидман се појави на насловната страница на новото издание на списанието Elle.
Во црни подвезици, секси долна облека, корсети и провокативни пози, таа покажа дека и на 56 години зрачи со неверојатен сексапил, иако некои коментираат дека е преслаба.
Никол фотките ги објави на својот Инстаграм профил, па предизвика бројни коментари, и позитивни и негативни.
„Најубавата жена на светот“, „Зрачиш“, „Дали старееш? На секоја следна фотографија што ја објавуваш делуваш помладо и помладо“, „Не можам да престанам да те гледам колку си убава“, „Совршена си, никогаш поубава“, се дел од коментарите.
И покрај пофалбите од фановите, има и такви кои не се воодушевени од изгледот на Кидман.
„Ова не е природна убавина. Порано ми се допаѓаше многу повеќе“, „Што се случи со нежниот изглед и женственоста?“, „Престани да ставаш толку многу ботокс“, ѝ пишуваат фановите.
Не е тајна дека Никол одамна користи ботокс за да го задржи младешкиот изглед. Јавноста ја критикува дека понекогаш претерува и дека иако делува млада, одблизу веќе не личи на прекрасната жена која во минатото беше една од миленичките во Холивуд, туку дека ликот ѝ е изобличен.
А. Ј. | Црнобело