Прегратка после која сакаме Џек и Роуз од Титаник да се пар и во приватен живот (видео)
- Детали
- понеделник, 01 февруари 2016
Откако последниов месец се зборува само за Оскарот на Леонардо ди Каприо, неговата долгогодишна колешка Кејт Винслет, го посакува овој успех повеќе од било кого.
Кејт и Леонардо се појавија рака под рака на САГ наградите, каде актерката имаше изјава која започнуваше со зборовите „да бидам искрена, премногу сум фокусирана на Лео и неговото освојување на наградите...“, што само уште повеќе ги разнежни фановите на Џек и Роуз.
На црвениот тепих Леонардо изгледаше совршено во црн смокинг, додека Кејт одбра темно зелен фустан со сирена крој.
Нешто подоцна, кога Лео доби САГ награда за неговиот перформанс во најновиот филм The Revenant, Кејт буквално истрча за да му честита со прегратка.
Видеото после кое сите сакаме Џек и Роуз да се пар и во приватен живот:
М. Д. | Црнобело