Полуголи Џастин Бибер и Кендал Џенер: „Што правам во мојата Calvin Klein долна облека?“
- Детали
- среда, 27 јануари 2016
Џастин Бибер и Кендал Џенер се новите заштитни лица и модели за долна облека на Calvin Klein, а веста ја најавија преку нивните Инстаграм профили.
Џастин и Кендал официјално ќе бидат дел од пролетната кампања на Calvin Klein заедно со неколку други познати модели и музичари.
Бибер веднаш ја покажал фотографијата:
А, истото важи и за Кендал:
Calvin Klein најави дека двајцата ќе бидат дел од најновата кампања „Што правам во моите Calvin Klein?“ заедно со Кендрик Ламар, FKA twigs, моделот Ејби Ли, Fetty Wap, Joey Bada$$...
Примерот на Џастин Бибер и Кендал Џенер го следеа уште неколку познати музичари и модели кои ги објавиле своите фотографии на Инстаграм профилите.
Н. Г. | Црнобело