Го убила сопругот, кога дошла во САД веќе имала свој картел - Што е вистина, а што измислица во хит серијата „Griselda“?

Дали Гризелда навистина го убила сопругот? Дали навистина успеала да го отвори пазарот кон богатите бели луѓе? Што е вистина, а што измислица во хит серијата Griselda на Нетфликс?

go-ubila-soprugot-koga-doshla-vo-sad-vekje-imala-svoj-kartel-shto-e-vistina-a-shto-izmislica-vo-hit-serijata-griselda-01.jpg

Серијата Griselda посветена на нарко-шефицата Гризелда Бланко руши рекорди.

Луѓето се опседнати со новиот серијал во кој главната улога ја има Софија Вергара која е непрепознатлива, а многумина се прашуваат во колкава мера настаните опишани во неа ја следат вистинската приказна за Гризелда Бланко.

Ако не сте ја изгледале серијата, имајте предвид дека во продолжение ќе опишеме некои од сцените и настаните за коишто се зборува во неа.

Серијата ја опишува приказната за Гризелда и како успеала да доминира со трговијата на кокаин во 70-тите и 80-тите години, заради што се стекнала со огромно богатство и станала позната со својата бруталност и немилосрдност.

go-ubila-soprugot-koga-doshla-vo-sad-vekje-imala-svoj-kartel-shto-e-vistina-a-shto-izmislica-vo-hit-serijata-griselda-02.jpgСофија Вергара како Гризелда

Дали Гризелда навистина го убила сопругот?

Приказната на Нетфликс започнува така што Гризелда го убива својот сопруг Алберто и бега во Мајами, за да започне нов живот. Таа е гневна затоа што нејзиниот сопруг ја продава на неговиот брат, кој им бил шеф, за да си го отплати долгот.

Според официјалните податоци што се познати за вистинската Гризелда – таа била одговорна за смртта и на двајцата нејзини сопрузи. Се верува дека таа го нарачала убиството на нејзиниот прв сопруг и татко на трите сина, Карлос Трухиљо, во раните 70-ти години, заради недоразбирања во бизнисот, а одговорна е и за убиството на вториот сопруг.

go-ubila-soprugot-koga-doshla-vo-sad-vekje-imala-svoj-kartel-shto-e-vistina-a-shto-izmislica-vo-hit-serijata-griselda-08.jpgГризелда и Алберто (сцена од серијата)

Дали била сосема непозната кога дошла во САД?

Серијата раскажува дека Гризелда била сосема непозната во САД, кога пристигнала во Мајами во 1978-ма година и дека почнала да ја гради својата империја од почеток.

Вистината е дека таа и нејзиниот втор сопруг Алберто Браво биле мошне познати играчи на теренот во САД и имале свој картел кој шверцувал дрога во Америка. Тие двајца веќе живееле во Њујорк во 70-тите години на минатиот век.

Се верува дека Гризелда му се спротиставила на сопругот затоа што верувала дека тој е одговорен за милионите кои исчезнале од нивниот картел на паркинг пред ноќен бар.

Таа успеала да го убие сопругот и неговите 6 телохранители, по што презела целосна контрола врз нивниот картел, така што во САД заминала како голем „играч“, а не како домаќинка.

go-ubila-soprugot-koga-doshla-vo-sad-vekje-imala-svoj-kartel-shto-e-vistina-a-shto-izmislica-vo-hit-serijata-griselda-03.jpgВистинската Гризелда Бланко

Кои биле оригиналните идеи на Гризелда?

Во серијата, Гризелда е прикажана како жена што во голема мера е „мозокот“ на сите важни операции и која успева да создаде сопствен пазар, така што својот производ им го продава на богатите бели луѓе, а го шверцува со помош на згодни убави девојки, кои ја кријат дрогата во градниците.

Вистината е дека Гризелда навистина креирала сопствени градници со лажни џебови во внатрешноста со помош на кои ја пренесувала дрогата преку граница и била во право кога претпоставила дека никој не се сомнева во атрактивните млади девојки.

Но, не е вистина дека е најпозната по тоа што ги „навлекла“ и белите луѓе на производот. Таа е најпозната по тоа што користела мотоцикли за пукање и ликвидации во движење – техника што и денес се користи во подземјето.

go-ubila-soprugot-koga-doshla-vo-sad-vekje-imala-svoj-kartel-shto-e-vistina-a-shto-izmislica-vo-hit-serijata-griselda-04.jpgСофија Вергара како Гризелда Бланко

Дали навистина била толку брутална?

Во серијата ја гледаме Гризелда како на почетокот се двоуми да изврши убиство и, во еден миг, очекуваме дека ќе се поколеба кога треба да убие сведоци што имаат мало бебе, но во вистинскиот живот Гризелда била многу посурова.

Се верува дека вистинската Гризелда го извршила првото убиство кога била 11-годишно девојче.

Таа и нејзините пријатели киднапирале мало момче од богато соседство и планирале да бараат откуп, но кога неговите родители не ја сфатиле сериозно, таа го застрелала момчето во глава.

go-ubila-soprugot-koga-doshla-vo-sad-vekje-imala-svoj-kartel-shto-e-vistina-a-shto-izmislica-vo-hit-serijata-griselda-05.jpgВистинската Гризелда Бланко

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg