Платила за да најде докази за насилство – Како Амбер Херд „се самоуништи“ за време на судењето со Џони Деп?
- Детали
- вторник, 09 јули 2024
Кој бара, ќе најде! Но, Амбер Херд наместо да најде докази што може да докажат дека е невина и да го оцрни Џони Деп, наишла на голем број негови поддржувачи кои тврделе дека „човекот буквално е подготвен да влезе во шахта за да спаси маче што се дави“.
Пред две години целата светска јавност будно го следеше судењето меѓу Амбер Херд и Џони Деп, во кое излегоа голем број нивни мрачни тајни од бракот на површина.
Од видео снимките со нејзините љубовници, до обвиненијата дека тој ја силувал со шише – имавме можност да се наслушаме секакви приказни, а Џони на крај сепак излезе како победник.
Сега, приватен детектив од САД тврди дека Амбер го ангажирала да се обиде да најде докази дека Џони е насилна личност, но изјавите што ги слушнал биле сосема неочекувани, а човекот што зел пари од актерката за да го оцрни нејзиниот поранешен сопруг стана негов најголем поддржувач.
Пол Бареси (74) вели дека интервјуирал 100-тина луѓе пред судењето на Џони Деп за клевета, а сведоштвата денес ги собрал во книгата Johnny Depp's Accidental Fixer, што беше објавена на почетокот на месецов.
Според сите сведоштва, Џони е вистински џентлмен и човек кој нема ништо злобно во него, иако Амбер се обидуваше да го прикаже како насилник и злоставувач, кој ја тепал и ја малтретирал во миговите кога бил под дејство на алкохол и наркотици.
Детективот вели дека бил ангажиран од легалниот тим на Амбер Херд со цел да ископа мрачни тајни и докази дека Џони Деп е насилен кон жените.
Тој требало да најде изјави од сведоци, видеа, фотографии или што било друго што може да ги докаже тврдењата на поранешната сопруга на Амбер Херд.
Но, неочекувано, сите сведоци имале само позитивни зборови за Џони, па дури и човекот кој своевремено го тужеше актерот за насилство рекол дека нивниот однос бил добар.
Поранешниот менаџер на филмски сет Грег Брукс го обвини Џони за физичко насилство.
Според него, наводно Деп му понудил да му плати 100.000 долари за да му удри бокс, па потоа го удрил во стомакот.
Но, пред приватниот детектив дури и тој тврдел дека никогаш не дошло до физичка пресметка и дека Деп бил прекрасен со сите на снимањето на филмовите.