Платила за да најде докази за насилство – Како Амбер Херд „се самоуништи“ за време на судењето со Џони Деп?
Детективот интервјуирал голем број поранешни соработници, познаници и луѓе кои имале контакт со Џони, но наместо докази за насилство, наишол само на позитивни изјави, пофалби и воодушевување.
Новинарката Севен МекДоналд, му рекла на детективот дека никогаш не го видела Џони да биде насилен. Па му нагласила:
„Сметам дека не можам да ви помогнам. Џони Деп е прекрасен и љубезен човек. Никогаш не сум го видела да биде насилен – напротив – Џони Деп е човек што би се спуштил низ канализација за да спаси маче што се дави“.
Најдиректен во изјавата бил тату артистот Џонатан Шо, кој е близок пријател на актерот, па рекол:
„Џони има неверојатна контрола, тој е супер човек. Единствената работа што би ја направил за да ѝ помогнам на таа спонзоруша (Херд) е да го наполнам пиштолот, од којшто таа сакаше да пука и да ѝ го разнесам мозокот.
Го познавав Џони долго пред да стане славен актер. Тој е прекрасен човек. Тој остекогаш бил грижлив и нежен човек. Значи, на сите може да ни се случи да бидеме лути.
Но, тој никогаш не би удрил личност, тој фрлаше предмети и тоа е голема разлика“ – дополнил тој.
Меѓу изјавите што не биле на страната на Џони е онаа на новинарот Марк Ебнер кој рече дека актерот му се заканил дека „ќе го запали“.
Исто така тука е и изјавата на поранешната сопруга на блискиот пријател на Џони, Ајсак Барук, која рече дека тие двајца се големи манипулатори и дека се иста сорта.
Сѐ на сѐ, доказите што детективот ги собрал многу повеќе оделе во прилог на Џони Деп, отколку на Амбер, па така актерката сама си ја отсекла гранката на која што седела, а нејзиниот тим иако имал големи надежи од истрагата, на крај останал без ништо.
За потсетување, по завршувањето на судењето Амбер побегна во Шпанија каде живее со ќерката Она Пејџ.
Прочитајте и Како Џони Деп по судењето со Амбер стана најдобар другар со крвавиот принц од Саудиска Арабија?
Б. С. Б. | Црнобело