Познати личности кои изгледаат беспрекорно и во своите 40-ти години
- Детали
- петок, 22 јануари 2016
Кога ќе ги погледнете некои од најпознатите актерки како Софија Вергара или Ева Лонгорија, сфаќате дека убавината воопшто не се губи со годините. Напротив, некои жени времето ги прави поубави.
Неколку познати ѕвезди кои се во своите 40-ти, а изгледаат прекрасно:
1. Софија Вергара
Колумбиската убавица има 43 години, а на светската сцена плени со својот сексапил. Таа поседува женственост и заводливост кои покрај талентот и донесоа огромна слава. Актерката вели дека за нејзината линија задолжена е јогата.
2. Кејт Бекинсејл
43-годишната англиската актерка за првпат се појави на филм во 1991-та година, а оттогаш па наваму, се чини како воопшто да не се променила. Атрактивната актерка изгледа исто како и пред повеќе од две децении.
3. Винона Рајдер
Кампањата „beauty“ на Марк Џејкобс најави враќање на оваа актерка, а како што изјавил познатиот дизајнер, 45-годишната актерка има неверојатен талент и физичка убавина како ниту една друга жена.
4. Ева Лонгорија
Лонгорија има 41 година, а коментарите за нејзиниот беспрекорен изглед никогаш не престануваат. Совршениот тен и фактот што знае со облеката да го истакне најубавото од себе, ја прави оваа актерка една од најатрактивните ѕвезди на денешницата.
5. Хајди Клум
Модната ѕвезда можеби има 43 години, но повеќе од јасно е дека сè уште може да се движи на модните писти заедно со своите помлади колешки.
6. Џенифер Конели
Стилот, елеганцијата и софистицираноста на 46-годишната актерка се проследени со несекојдневна убавина.
7. Кајли Миног
Австралиската музичка ѕвезда во 80-те години го достигна врвот на светските музички листи. Тогаш сите зборуваа дека покрај впечатливиот глас таа има и неверојатна убавина. Многумина го велат истото и во 2016-та година, на нејзина 48-годишна возраст.
Н. Г. | Црнобело