Парис Хилтон критикувана дека детето не ѝ е безбедно на брод: „Ќе доживеам срцев удар гледајќи го видеото“
- Детали
- четврток, 29 август 2024
„Имав мал срцев удар кога го видов дека се доближува над вода / зошто детето нема безбедносен елек?“ – Парис Хилтон повторно критикувана за мајчинството откако објави видео на кое синчето лази и се шета низ катамаран со кој пловат.
Парис Хилтон, иако се соочуваше со невкусни коментари за изгледот на главата на синот, продолжи да објавува фотки и видеа од него, додека пак, второто дете, ќерката Лондон, ретко ја покажува на социјалните мрежи.
Но, изгледа како многумина да ја следат во чекор и чекаат да направи нова грешка со која ќе ја осудат за лоша мајка.
Најчесто ја обвинуваат за безбедноста на децата, па така и овој пат, во новото видео кое го објави на ТикТок.
На видеото се гледа нејзиниот син, кој излегува од кабината на катамаранот со кој пловат, и почнува да шета и да истражува низ бродот.
Фановите најмногу се плашат на деловите од видеото каде се гледа дека тој гази и скока врз мрежата која е над вода, па ѝ сугерираат дека треба да му стави безбедносен елек.
„Мојата анксиозност ме совлада кога го видов без безбедносно елече! Никогаш не е премногу безбеден кога е над вода“.
„Имав мал срцев удар бидејќи на моменти не увидов дека има мрежа и мислев дека ќе падне во вода. Преслатко мало момче. Драго ми е што е безбеден, но само што се разбудив иии... личеше страшно“.
„Мама, те молам ставај му безбедносно елече секогаш на брод. Се случуваат секакви работи. Затоа се нарекуваат несреќи. Испраќам љубов“.
Други пак, сосема ја оправдуваат, бидејќи велат дека бродот е голем и заштитен, и дека е бесмислено детето да се шета постојано со елек.
И самата Парис им одговори на критичарите:
„Мајки, ви благодарам на советот и што секогаш се грижите за моите слатки деца. Бродот е голем и јас и мојот сопруг го следиме синот секаде и го гледаме како јастреби. Моите бебиња се мојот свет“.
Погледнете го видеото (кое може и вам на момент да ви создаде блага анксиозност и страв):
@parishilton Watching Phoenix explore the world has been so special to me! 🥹✨ I am so grateful to be a #SlivingMom 💖✨
♬ original sound - jacquelinethoma
М. М. | Црнобело